Одговорот на Ајнштајн

На 17-ти ноември 1952 година, по смрта на првиот претседател, тогашниот израелски премиер Бен Гурион решава да му понуди работа на Алберт Ајнштајн. Не дека работата не била на топло или била некој напор голем, но Ајнштајн сепак ја одбива понудата. Да биде претседател на државата.

Одговорот на Ајнштајн:

Длабоко сум трогнат од понудата на државата Израел, и истовремено натажен и засрамен што не можам да ја прифатам. Сиот мој живот се занимавав со објективни нешта, и оттаму ми недостасуваат и природна надареност и искуство за соодветно да се однесувам со други луѓе, и да извршувам официјални функции. Оттаму, јас би бил непободен кандидат за оваа значајна должност, дури и кога мојата поодмината возраст не би влијаела на моите сили (...) Дополнително сум разнебитен од ваквата состојба на работите, со оглед на тоа што мојот однос со еврејскиот народ ми стана најсилната човечка врска, откако станав свесен за нашата несигурна ситуација помеѓу нациите на светот.

17 ноември 2012 - 12:52