Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Егзорцизмот на Рашел?

Од земјата од која некогаш доаѓаа феноменални шансоњерки како Едит Пјаф, Миреј Матје, Париција Кас, годинава ја имаме Рашел, натпреварувачка на францускиот Талент со глас како што ниту едно женско нема извадено до сега.

Божествено откритие во село Челопек

Во село Челопек постои црква и постои конак. И токму во овој духовен простор, некако се дошло до сензационално провидение за начините на кои Господ им се обраќа на луѓето.  

Боки 13, next generation

Во форма на предупредувачки меил, ни стигнаа фотографии од едно наше момче кое се одзива на името Г-дин Бобо (моментално Без Број). Наводно студирал на Американскиот колеџ во Скопје а моментално живее во Белград. Она што нè натера да ги објавиме фотките е морничавата најава дека е можно и тој да има естрадни амбиции. А кој се изгорел на 13, ќе дува и на Без Број.

Џон Стјуарт, цитати

Нека му е среќен роденден (деновиве наполни 50) и уште долго да исправа криви Дрини човекот кој порача: „Нема да се цензурирам себеси за да го утешам твоето незнаење", „Ако не се држиш до твоите вредности кога тие се ставени на тест, тогаш тие не се вредности, тие се хоби" или „Ако го зголемиме звукот на сè, нема ништо да чуеме."

Tom Waits - Friday's Blues

... со тоа што песната е за сабота :)

Ај аирлија 29 Ноември и свињокољ!

Значи ов'ј д'н у Куманово е познат и како Геноцид над свиње, али за дивно чудо, никој не се жали...

Малку патетика со вистина

Приказна за двата волка во човекот. И за нивната борба. И за тоа кој волк ќе победи.

Како Ајнштајн се обидел да го спаси бракот со листа на барања

Прво, Ајнштајн имал љубовница во последните 5 години од бракот со неговата прва жена. Второ, подоцна ја оженува љубовницата. Трето, љубовницата му е и прва и втора братучетка (ќе видите како). Како и да е, во 1914-та, кога сите работи во првиот брак тргнуваат на лошо, Ајнштајн прави список на услови кои неговата сопруга треба да ги следи.

Облакот во нас

После една вонсериски убава есен, дежурните метеопати го дочекаа првиот облачен ден да ги наполнат своите статуси и твитови со времето, тагата и меланхолијата. Фак дем ол, нека пробаат да дрндаат на таа тема во Финска.

На работ на Македонија

Интересни факти за древна Македонија и археолошките остатоци, Кокино, црквата во Старо Нагоричане... И најдоброто е што емисијата која ви ја предлагаме не е никако поврзана со Паско Кузман па не мора никој да се напнува и да се замара со тоа дали некој фаќа страна. Кога сме кај Паско, супер забавно беше да се гледа како секој вонаби критичар храбро му се нафрли заради изјавата дека бил на трагот на Александар Македонски. Археолог е човекот, што е чудно тоа? Треба да е на траг на нова формула за пестицид за компирова златица? Одиме со Крешимир Мишак од ХРТ.

Македонија, баци бомбу

Гад дем, една убава песна испеа некој за нас (Дадо Топиќ, Македонија) и мораа и таа да ни ја засерат. Извонредно луд мешап од Дадо, Томпсон и Тифа. Па излегува ова: "Тамо је Македонија, земља и народ коју волим ја, баци бомбу, гони банду, преко извора".

Да се немало усул

Среќата ги прати само оние кои уплаќаат ливчиња. А некогаш и оние кои ги снимаат затоа што ги пратела среќата. Значи, го снимаат добитникот на премија, тој пред камерата гребе друго ливче и пак добива! Среќа што е мустаклијата скроз симпа, инаку ова се мрази.

Господар на амбалажата

Можеби сите сме на овој свет со некоја причина (ок, може и не). Неговата карма е со џедајска посветеност да внесе страв и ужас во пластичното ДНК на секое шише вода. За кога еден ден ќе го нема, шишињата уште долго да ни се плашат. Поклонете му се на мастерот.

Даниела како Мадона

Преку спот кој може да служи како музејска поставка за екс-југословенската естетика и икнографија (касетофон, ѕидови со постери и лименки), Даниела Терзиќ ќе ви објасни зошто таа е иста како Мадона.

Островот од Skyfall

Хашима, Јапонија. 5.000. ИМал 30 стамбени блокови, 25 продавници, два базена, болница и гробишта. 39 години нема ништо, освен штабот на лошиот Хавиер Бардем кој сака да ја скеца британската тајна служба.

Кој е за хорор?

Нежна и поучна приказна за пред спиење, особено за дете кое има навика да си го цица палецот. Ух.

Говорете англиски, со Рики Џервеис

18 минути супер забава меѓу двајца другари. При што Рики е само спотер а главен јунак е Карл (Idiot Abroad), дечкото со најмаалски став во животот.

Колку страв поднесува еден лифт?

Екстремно добро изведена "скриена камера": Се возиш сам во лифт, снемува струја, по некое време доаѓа но од никаде се појавува бледо девојче кое држи кукла. Па и вриска. Ок, прашањето е, како овие лудаци што смислуваат вакви финти не се сигурни дека некој од уплашените не носи пиштол?

Жижек се претера

Дел од шармот и популарноста на словенечкиот филозоф Славој Жижек се должи на неговиот нетипичен академски пристап при што често флертува со актуелни културолошки феномени. Ама, некогаш и нема што паметно да каже. Овојпат на тема зошто Гангнам (Fuck them stupid Koreans) го победи Џастин Бибер (Disgusting guy from Canada). Добро, на кокаин ли е мудрецот?

Лезбејките се на ред

Откако стрејтерите возвратија на најавите дека хомосексуалците ќе им ги лапнат девојките, рековме дека топката е кај хомосексуалците. И, топката ја преземаат лезбејките кои на другиве девојки им викаат дека ќе им ги лапнат дечковците. Добро, фино сè тоа, ама, како одеднаш главна финта станува сексот од инает?

Зошто некои луѓе се непоправливо дебели?

Затоа што мозокот е еден од најголемите потрошувачи на калории во организмот.

Запознајте го Каролина

Од Австралија е. Професионално дига тегови заради стекнување право на мускули. Доби престижна награда на светското првенство во Даблин. Сè е тоа фино, само малку боде очи тоа што Керолајн тврди дека е женско. А изгледа како на Урко да му ставите прслук.

Бракот започнува со сопки

Поентата на клипов е што двајцава венчални гулапчиња абер немаат како да се напијат со прекрстени раце. Ама автентичноста на ликовите, тишината и отсуството на каква било трага дека ова им е најсреќен ден во животот го прави клипов повреден од сите дела на Кустурица. Добро, можеби претеруваме, ама стварно се прекрасни во целото тоа тивко неснаоѓање.