Како Ајнштајн се обидел да го спаси бракот со листа на барања

Прво, Ајнштајн имал љубовница во последните 5 години од бракот со неговата прва жена. Второ, подоцна ја оженува љубовницата. Трето, љубовницата му е и прва и втора братучетка (ќе видите како). Како и да е, во 1914-та, кога сите работи во првиот брак тргнуваат на лошо, Ајнштајн прави список на услови кои неговата сопруга треба да ги следи.

Милева и Алберт

Пред да почнете да ги читате, треба да имате во предвид дека Ајнштајн не бил феминист во денешната смисла на зборот.

Услови

Ќе осигураш:

дека моите алишта и долната облека се одржуваат како што треба,
дека редовно ќе добивам по три оброка во мојата соба,
дека мојата спална и работната соба ќе бидат педантно одржувани.

Ќе се откажеш од сите лични контакти со мене се додека тие не се комплетно неопходни од социјални причини. Посебно, ќе се откажеш:

од мое седење дома со тебе,
од мое излегување или патување со тебе.

Ќе ги почитуваш следните правила во твојата врска со мене:

нема да очекуваш никаква интимност од мене, ниту ќе ми забележуваш на кој било начин,
ќе престанеш со зборување кога ќе го побарам тоа,
ќе излезеш од мојата спална или работна соба веднаш и без протест кога ќе го побарам тоа.

Ќе се обврзеш да не ме понижуваш пред нашите деца, ниту со зборови ниту со однесување.

Сопруга на Ајнштајн била Србинката Милева Мариќ а нивноto прво дете е родено во Нови Сад. Се разведуваат во 1919-та. Истата година Ајнштајн се жени со Елса Ајнштајн, чија мајка (Фани Кох) е сестра на мајка му на Алберт (Паулина Кох), а татко и е син на братот дедото на Алберт. Двајцата се први братучеди преку нивните мајки и втори братучеди преку нивните татковци.

 

 

29 ноември 2012 - 13:23