Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Ексклузивно! Пронајден министер со душа!

Професорот Јасмин Комиќ, Бошњак и министер за наука и технологија во Република Српска, пред некое време стигна на официјалната страница на Deep Purple со изведбата на Sоldier of Fortune (насловен: Professor of Fortune). Овојпат професорот го предава Елвис, одмерено и без чалам. Раритетна можност да видиме министер како пее (или прави што и да е) од срце. 

Стивен Фрај, цитати

Одвреме навреме страда од биполарно пореметување, инаку е брилијантен актер, автор, писател, комичар, тв лице и директор на фудбалскиот клуб Норвич Сити. Од Црна Гуја наваму, ретко утнал работа.

Жени кои остареа достоинствено

Бет Дејвис еднаш рече: "Староста не е за пичкици". Во продолжение, фотографии од дузина познати жени кои својата зрелост ја носат храбро и достоинствено.

24

Живее во Куба и се вика Хернанде Гаридо. Да беше од Битола, најавата ќе гласеше: "Го викале Дваесет и четворката, оти го преброиле"

Душички

Кога, кога ќе можевме да налетаме на ваква дражесна сцена да не беше интернетот? И Русија, нормално.

Секс со Битолчанки

Пакосната скопска парола "Секс со Битолчанки" никогаш не звучела толку искрено како по веста дека кон Битола се тргнати 1.500 Русинки кои ќе го зголемуваат наталитетот во регионот. Нашиот дописник од Русија разговараше со некои од девојките кои нема да ја видат Пелагонија во првата транша.

Колку го познавате турбо-фолкот?

Ги одговоривме првите две прашања и - ги погодивме! Страв не фаќа да одиме до крај. Бидете похрабри од нас, секогаш може да се вадите дека сте одговарале на тепка.

Потекло на лакомоста

Ова е одамна познат пример за тоа како ефикасно се ловат бабуни. Истовремено, еден од најсилните и најочигледни аргументи дека човекот навистина настанал од мајмун.

Ова треба да се проба

Фотографијата е замрзнат момент. Што фали да замрзнат два момента заедно? Земете неколку свои фотографии од минатото и правате нови фотки на истите места, вметнувајќи го минатото во сегашноста. Малку е "The Оthers", нели?

Загревање за Троновите

Најважното нешто што треба да се случи во 2013-та е што на 31-ви март започнува 3-та сезона на Игра на Тронови. "Секогаш ја замислувавме 3-та сезона како местото до кое треба да стигнеме. Ако дојдеме до 3-та сезона и ако ја направиме како што треба, тогаш целиот труд до сега ќе се исплати," Д.Б. Веис, извршен продуцент, сценарист и режисер на Игра на Тронови. Тизер за тројката, новите ликови и продукцијата.

Големи тајни на малите мајстори на кујната

Бордејн, Рудолф, Карапанџа, Ремзи, Џејми Оливер, Рене Реџепи и Алачки ЗАЕДНО не би можеле да смислат вака суптилен и иновативен рецепт како чичково кој ќе ве убие од неизвесност. А нема потреба од неизвесност, верувајте. Некои работи се едноставни.

2012-та година во една песна

Даниел Ким одамна се бави со мешање музики. Овојпат има ставено 55 поп песни и еве ја неговата 8 минутна завршна сметка за 2012-та година.

Каков секс бара Македонија?

На прашањето кое пред некое време го загатна Емили, решивме одговор да побараме на вистинското место: на пазарот на трудот, односно сексот. Буричкавме малку по огласи и еве ги нашите фаворити:

Рејв версус рокенрол

Две музики свират чалгии, една весела, друга таговна.... Тука го напуштаме Номче и Деспина и одиме кај две цепаници на амфетамини. Некако на рокенрол повеќе ги личи. Бар се за смеење а не за жалење како во првото видео. А Деспина ја посвршија.

Кружен тек за пешаци

Таман Скопјани и останати се поднаучија да ги користат новите кружни текови во градот (освен оној кај Ѓорѓи Димитров кој е ретко глуп), доаѓа нов предизвик од Шангај.

Кумановци пак убодеа точно

Недеља навечер у најбољи д'нови на социјализам: Деца избањкани, вечерани, у пижамке стокмени, гледав си "Бољи Живот" до маму и тату. Грее шпоретче, мама испеглала све за целу недељу, све исперено, сија куќа, милина.

Предлог за ЈСП

Еден од најтажните градски пејсажи се ликовите позади прозорците на градските автобуси. Дифолтно тажни, со оној отсутен поглед на човек на кој сите таксија му умреле, лизгаат низ градот небаре ги транспортираат во Дахау. А наместо да се занимава со музика и слични бенигни методи за разбивање малигна тага, ЈСП треба во секој автобус да ангажира по еден ваков патник. Пазете го ова: 

Карл Пилкингтон во Македонија!

Лошото претчуство не нè излажа. Дека нашиот херој (најмаалски на свет, Хомер Симпсон од вистинскиот живот, Борат кој не се преправа дека е Борат, дечкото со најздрави прашања евер) веќе бил во Македонија а ние тоа сме го пропуштиле!

50 нијанси Фреди

Гласовниот опсег на Фреди Меркјури, низ речиси 50-на песни. Неповторливо.

Не е виц на денот

Приказна на обичен возач од една соседна земја: „Возам со својот автомобил и чувствувам дека ме снима видео камера. Се сетив дека сигурно ме фотографира за брзо возење, иако не возев брзо. Само за да се уверам во претпоставката свртев низ населба и пак поминав низ истото место, со уште помала брзина. Но камерата повторно „ме кликна"...

Пет френд шоу

Одете и гушнете ги пријателите, овакви какви што се сега. Или видете ги како би ви изгледал животот кога тие би се однесувале како вашите домашни миленичиња.

Кoга О' Рајли се среќава со Пси

Како конзервативниот гласник на Америка Бил О'Рајли на гледачите би им го објаснил глобалното лудило околу Гангнам? Така што за гостин ќе повика - ПСИхијатар. Ѕвезда сепак останува водителот, кому сето тоа му личи на јавање пони. И признава дека во однос на ова, дури и Џастин Бибер му е јасен.

Историја на ХИВ во еден гиф

Анимирана карта на светот која ќе ви покаже што правеше и како се движеше ХИВ вирусот последниве 20 години.