Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Можеби е среќа во несреќа

Седела Госпоѓа Еволуција и пиела кафе. Го знаела дечково од порано па се прашала: "Овој не смее да оди понатаму. Да му ги скршам одма јајцата или прво да го мавнам по глава за да размисли? Баш сум срцка денес".

Неделна доза храна

Фото репортажа за тоа колку и какви основни намирници му требаат на едно семејство во различни делови на светот. Она што им е најнеопходно да бидат насмеани, среќни, весели и да се чувствуваат како вистинско семејство. Македонците ние ги додадовме.

Ангелот секогаш доцни еднаш

Ова видео (полицаец во последен момент спасува самоубиец да се фрли под воз) може некому да всади чувство дека секој од нас има ангел чувар. Само е глупо ако некој мисли дека баш секој од нив е волку ажурен. Мал риалити чек: овде се умира од старост додека дојде воз а вашиот ангел чувар најверојатно чмае на Фејсбук.

Видео што може да ве прочисти

Група Тексашани се запознаваат со некој Финец со кого ја делат истата љубов кон рибата. По некое време тој им испраќа конзерва ферментирана харинга (фински специјалитете кој само тие можат да го јадат) и ги замолува да се снимаат и да му го пратат видеото од дегустацијата. Одма да знаете, ќе не мразите заради ова.

Како старите да ги извадиш од кожа во 2 СМС-а

Нејтан Филдер (комичар) бара од луѓето што го следат на Твитер (‏@nathanfielder), на своите родители да им испратат две СМС пораки една по друга. Во првата треба да пишува: "земав 2 грама за 40$"; во втората "Извини, игнорирај ја пораката не беше за тебе."

Черешна се од корен корнеше

Дрвјата се најновата линија на поделба на македонските граѓани. Додека не сме се заклале и по тоа прашање, да понудиме компромисно решение.

Обединети пролетери

Како денеска иронично звучи некогаш моќната парола "Пролетери од сите земји, обединете се". Фото репортажа од секојдневието пред московскиот центар Бибирево, институција која на гастарбајтерите им издава дозволи за работа.

Книгите пред Холивуд

Филмски постери со оригиналните наслови на книгите според кои се направени. До сега имате изгледано 5 дела од Ништо не трае вечно, неколку различни продолженија од Мајмунска планета и една од најдобрите фантастики Дали андроидите сонуваат електронски овци?

Само да се брзало

Како изгледа трка на Наскар одблизу, на дел од патеката во кој овие пичат со 320 километри на час. Цапа-цапа-цапа-цапа... толку.

Сепак се врти

Ако Владата/Градот не сакаат да се откажат од идејата да стават панорамско тркало на плоштад, ама сакаат да ги послушаат критиките да бидат малку поштедливи, еве еден еколошки прототип, од татковината на Субрата. Ќе не личи.

Пекинг во 12 часот

Клучното што треба да го знаете додека ги гледате овие слики е дека тие се направени на пладне. Не навечер, не на зајдисонце, туку околу 12 часот. Еве како изгледа пладнето кога живееш во светскиот центар на загадувањето.

Седнав да вечерам, сам не се јаде?

Излезени со девојка првпат или стоти пат, сеедно. Колку треба да ви е неподнослив состанокот за да се решите на ваков детски потег?

Седнатиот херој на стендап-от

Џек Керол има 14 години, церебрална парализа и огромна доза здрав хумор во себе. Не се срамете, малиот сака да му се смеете.

А во Латвија дупка

Одамна немало вака хипнотизирачко видео (и не, не е фора, не се жени). Во водата дупка и собира се околу себе, од балвани до мали санти мраз. Како џиновски Will it blend, блендер ставен сред река / езеро. Локација, Латвија.

Фотки околу курсорот

Ајде да изгубиме неколку драгоцени минути од нашите животи на еден бескрајно непотребен сајт. Што ни фали?

Кога последен пат некој се насмеал од екран?

Домаќинот на Quite Interesting, Стивен Фрај, прашува зошто немаат толку забавни жени како гостинки а потоа фрчат лежерни забелешки и одлични спуштања. Крајниот заклучок - 12 поени. Ете како изгледа една добра емисија.

Храна за 5 долари

Имате во џеб 5 долари. Видеото ќе ви покаже колку храна може да купите со тие пари во различни земји од светот. Последниот пример сугерира да фаќаме пат за Кина.

Терористи со пет ѕвезди

Во Саудиска Арабија постои Центар за рехабилитација на терористи. Уапсени членови на Ал Каеда и слични друштвенца со сила се носат во Центарот каде со советувања и вежби треба да дигнат раце од верскиот радикализам. Сликите од условите во центарот, во извесна смисла можат некого да шокираат.

Предлог за скопски маратон

Цел на маратонот: да се стигне до скопскиот плоштад во извесна состојба. Смисла на маратонот: да се покаже дека спортот и алкохолот не одат заедно. А сега за правилата:

Ѓубрето што секогаш нè ќарува

Знаеш дека е лошо, знаеш дека не ти треба, знаеш дека ќе ти штети, самото име ти кажува дека е ѓубре... ама ништо од ова не се важи кога ќе треба да се соочиш со него, кога ќе ти се препречи на патот, кога ќе ти фати око. Не е за луѓе што се на пост, освен ако не сакаат да се челичат.

Едногласие

Францускиот социолог Емил Диркем велеше дека општественото зло има позитивна функција; го засилува чувството на заедништво и делење исти морални вредности со другите членови на заедницата. Видеово сега го гледа некој white supremacist, чеченски шошон, муслимански лунатик или ним сличен и си вика: Фак, уште колку работа има.

 

Клобуци - Леле, леле (оригинал)

Песната ја знаете од Еднооки (во неколку интересни варијации), но ова е тоа - оригиналот. Клобуци од Ниш, концерт во Тврдината, 1994-та, праизведба. Закон.