Седнав да вечерам, сам не се јаде?

Излезени со девојка првпат или стоти пат, сеедно. Колку треба да ви е неподнослив состанокот за да се решите на ваков детски потег?

Сликата од ресторан во Северна Каролина ја твитна еден софтверски инижинер од соседната маса. Романтичната двојка седнала на вечера, па околу нешто се закарале по што дечково решил да се забарикадира со менијата, веројатно да ѝ даде до знаење колку му годи друштвото.

Епилог: келнерката сепак му го собрала бедемот околу него по што продолжиле молчешкум да буцаат по своите чинии. Тој ја платил вечерата и заминале заедно. Живот.

24 април 2013 - 11:13