Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Креветите на децата

Насловот на книгата е Каде спијат децата, и дело е на Џејмс Молисон кој патува околу светот фотографирајќи ги креветите / спалните соби на децата (кога имаат спална).

Зошто астрологијата нема врска, во 1 минута

Астрономија - наука за небеските тела. Астрологија - нагаѓање во празно. Дури и да е точно целото нагаѓање за иднината (а не е), има еден огромен пропуст во основата на која се базира хороскопот - ништо не е на свое место како некогаш.

13 работи што не ги прават ментално силни луѓе

Менталната сила може да се дефинира и преку работите што ментално силни индивидуи не ги практикуваат. Список од 13 карактеристики за Форбс го прави Еми Морин.

(Не)ферка

Едниот има 68 килограми и тренерира боречки вештини, конкретно џиу-џитсу. Другиот има 113 килограми и тренерира кревање тегови. Некако, овие двајца решаваат да се пробаат во нелегална ама организирана борба.

Твитовите на Дејвид Линч

"Секогаш кога ќе видам еднооко џуџе, мојата мачка почнува да зборува наназад". Ако сте му ги гледале филмовите, и на Твитер веднаш ќе му го познаете ракописот.  Плус, во еден од собраниве твитови го има она што секогаш нè интересирало, тој лично да ни објасни што се раскажува во негов филм.

Поглед кој запира

Легендата вели дека маж не може да го пушти во писоар ако некој зјапа во него. Посебно ако зјапа згодна женска. А легендите некогаш треба да се проверат. п.с. дечкото што пушти раце е срцка.

Носталгија за летање

Мала фото ретроспектива како изгледал авио-превозот во 30-тите години на минатиот век. Нема да ви се верува колку од тогаш до сега напреднал... капиталистичкиот инстинкт за екстра профит и вештината што повеќе луѓе да се напикаат на ист лет.

Гол, гол, гол... статива!

Како да ја изненадиш својата девојка со запросување ако таа веќе знае дека секој момент ќе ја запросиш? Дечково знае како. И тоа не еднаш туку серија за... малку. Одличен е, ѓубре едно.

Накривете капа, Александар е наш

За сите луѓе кои секојдневниот умор од беспарица, долгови, валкани влезови, фејсбук идиотизам, забоболка, глупи комшии и други ситници успеваат да го совладаат полнејќи се на историски батерии (алкално антички), имаме 50 минутен рај за уши!

За шака црни попусти

По Денот на благодарноста, чија носечка идеја е дека Американците треба да бидат благодарни за она што го поседуваат, следува Црниот петок на кој истите тие бескрупулозно се борат да купат што е можно повеќе со што е можно поголем попуст. Ова е компилација од снимки од продавниците низ САД за време на Црниот петок.

Kо Американец во шарена мапа

Американци добиваат клот мапа на Европа, само граници без имиња, и во неа треба да напишат која држава кај се наоѓа. Да кажеме дека генерално знаат дека Европа е меѓу Британија и Русија. Да бидеме поштени, не дека ние во иста ситуација би погодиле каде е Алабама или Северна Дакота.

Упатство за тепање со бебе

Ок, звучи сурово ама животни вештини, се животни вештини. Никогаш не знаеш што носи животот и кога ќе ти затреба да можеш да здробиш некој прцул. Еве неколку потези што ќе ви се најдат.

Мустаќот во себе

Додека локалниве мустаклии ни пратат банер да им објавиме (a пред три недели се договоривме, уште брковите млечни им беа), дојде време за де-мен-бер:

Манифестот на Мет Дејмон

Клучни зборови: граѓанска послушност/непослушност, телевизија, тоталитарност, владеење на правото, национални барикади, отпор кон нелегитимните авторитети, право да се трага по среќата...

На џемперот се познаваат пријателите

Таман што фати студот, најдовме колекција џемпери која ќе ни помогне пркосно да му се спротиставиме и да го изигнорираме ладново како жолто светло на семафор. Плус, човекот што ќе се прошета со вас кога ќе носите ваков џемпер бидете сигурни дека ви е најискрениот другар во живот.

Секој со својот сон

"Толку сум добар во спиење што можам тоа да го правам со затворени очи". Ама, не сите. Пoзнати луѓе и нивните ритали и навики за спиење:

Гугл ја мапираше Средната земја

Мапата е универзална за светот на Толкин, ама конкретно го следи патувањето од Хобит (го нема Мордор и слични локации од LOTR). До сега се отворени приказните и градовите од првиот дел, а како што ќе биде премиерата на останатите два, така и тука ќе се отклучуваат нови локации. Ако имаш мерак на Господар на Прстените и Хобит, задолжително истражување и кликање на сè можно.

Зошто човек не може да разбере дека е глуп

Ако не ти е јасно дека си глуп, тоа е затоа што си глуп. Објaснувањето е од студија на Универзитетот Корнел преку Џон Клиз.

Свадбено видео

Ако сте во брак а немате вакво видео, не е тоа некој брак. Ако се уште не сте, повелете идеја од прочуената руска филмска школа. Младиот и младата се вљубиле кога и двајцата на клоци ги набркале од некое ФДУ.

Празни ѕидови за вас прекрасни луѓе

Еве што ќе се случи ако на цртач на графити му дадеш огромен простор за цртање и бескрајно многу, ама многу, боја.

Како да отвориш конзерва без отворач

Трикот функционира на сите видови конзерви без разлика на големина, а се што ви треба е парче бетон или асфалт. Може да биде малку несмасно, ама па и не би го употребиле ако не сте во некој невиден зорт.

Германки vs Германци. Бирајте!

Секоја година како што е ред луѓето прават календар. Темата е селанки и селани од Германија. За годинава готови се календарите и со девојките и со момците.