
1. Не трошат време на жалење самите себе
Нема да ги видиш како се самосожалуваат за тоа што ги снашло или како некој се однесувал кон нив. Имаат научено како да превземаат одговорност за своите постапки и последиците од нив, и го имаат прифатено фактот дека често пати животот не е фер. Тие од ваквите ситуации благодарни за лекциите што ги научиле.
2. Не им се предаваат на другите
Избегнуваат на другиот да му дадат моќ да направи да се чувствуваат инфериорно или лошо. Тие сфаќаат дека ги контролираат своите постапки и емоции. Тие знаат дека сопствената сила им е во способноста да го изберат начинот на кој ќе одговорат.
3. Не се срамат од промена
Ментално силните луѓе ја прифаќаат и ја поздравуваат промената. Нивниот најголем страв, не е од непознатото, туку од тоа дека ќе станат задоволни од тоа што го имаат и дека ќе стагнираат.
4. Не трошат енергија на работи што не може да ги контролираат
Не се жалат (многу) на сообраќајот, изгубениот багаж или за други луѓе, бидејќи знаат дека сите овие фактори се надвор од нивна контрола. Во лоши ситуации тие сфаќаат дека една работа што секогаш можат да ја контролираат е нивниот одговор и ставот. А ова знаат да го прават добро.
5. Не се грижат да ги задоволат другите
Ниту оние што пробуваат да им угодат на сите, ниту оние што пробуваат никому да не му угодат, не се во добра позиција. Ментално силен човек се стреми да биде внимателен и фер и да им угоди на другите кога тоа е соодветно, меѓутоа не се плаши да каже ако нешто не му е по мерак. Тие можат да се соочат со можноста дека некој ќе се вознемири, меѓутоа ќе се обидат да управуваат со целата ситуација.
6. Не се плашат од пресметани ризици
Има разлика меѓу пресметано и слепо ризикување. Но ментално силните луѓе можат детално да ги пресметаат ризиците и бенефитите, и комплетно да ги земат во предвид потенцијалните негативни страни, дури и за најлошото сценарио, пред да преземат нешто.
7. Не страдат по минатото
Постои значителна сила во прифаќање на минатото и учење лекции од него, меѓутоа ментално силните луѓе се способни да избегнат трошење на нивната ментална енергија на сите неуспеси од минатото или фантазирајќи за "славните денови" кои минале. Тие мнозинството од својата енергија ја трошат на создавање на оптимална сегашност и иднина.
8. Не ги повторуваат грешките што ги направиле
Овие луѓе превземаат комплетна одговорност за своето однесување од минатото и учат од своите грешки, меѓутоа не се обидуваат да ги повторуваат истите работи во кои не успеале.
9. Не се гневни на туѓ успех
Тие не се љубоморни или гневни за тоа што некој друг успеал, ама за тоа веројатно е дека ќе запишат што тој направил за да успее. Тие се желни да работат напорно за нивната шанса за успех, без притоа да се потпираат на "кратки патчиња."
10. Не се откажуваат по неуспех
Секој неуспех го сметаат како шанса за подобрување. Дури и најуспешните луѓе се подготвени да признаат дека нивните првични обиди им донеле голем број неуспеси. Ментално силните луѓе се подготвени постојано да не успеваат, се додека учат нешто ново од секој пат кога нешто нема да им тргне.
11. Не се плашат времето да го минуваат сами
Тие не само што уживаат, туку и го ценат времето кое го минуваат сами. Ова време го користат за да размислат за тоа што се случило, да планираат и да бидат продуктивни. Уште поважно нивното расположение и среќа не зависат од другите. Тие можат да бидат среќни со други, ама исто така и среќни со самите себе.
12. Не чувствуваат дека светот им должи што било
Ментално силните луѓе влегуваат во секоја работа подготвени да работат и да успеат според сопствените мерила, во секој стадиум од играта.
13. Не очекуваат инстантни резултати
Без разлика дали е програма за вежбање, диета или бизнис, тие се тука за долгорочните резултати. Тие знаат дека не треба да очекуваат инстант резултати. Енергијата и времето ги трошат дозирано и го почитуваат секој успех кој ќе го постигнат.