Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Источноевропска школа за мажи

Школото ги има сите предмети што едно младо момче треба да ги совлада за да израсне во прав чистокрвен мажјак. По земањето диплома тој не само што ќе може во секое време на истепа некој послаб од себе, туку ќе има научено и неодоливи техники за освојување жени.

Колку ти чини Кољо чиничето

Уште пред 40 години еден маж од чиста љубов почнува да собира кинески чинии направени од рог на носорог. Сега веќе остарен дедо, решава да ги однесе 5-те предмети на проценка. За нив вкупно има платено 5.000 долари, не е баш премногу заинтересиран да ги продаде, само сака да знае колку вредат. П.С. сумата што ја даваат е само конзервативна проценка.

BatDad останува најјакиот татко

Децата полека му пораснаа ама за среќа не и тој. Најновото пакетче од најдобриот татко на интернет- BatDad. Жена му ја има во пар ситуации, да видите само колку таа отрпнала.

Лепотице, овој не

Во одбрана на дечкото многу буљашка фора му направија, ама па и он е многу цреп. Во одбрана на девојката негова, заслужено му е тоа што му го направи и многу, многу лукаво. На повеќе, снимка од една емисија од радио Антена Загреб и лов на еден дечко што доцна навечер добива известувања од "интернет банкарство," од број заведен во мобилниот како "Вулканизер".

Звукот на тапаните

Лекција за тапанари - каков звук вади еден ист тапан ставен во различни околини: гаража, стадион, паркинг... Дечкото одлично тропа, а и има најдено некој што одлично знае да монтира.

Историски настани што се случиле во ист период

Ниту една од овие работи никому не му изгледала важно или интересно кога се случила. И ниту една од овие работи не е повеќе од коинциденција.

Најкраткиот комерцијален лет на светот

Одиме на Папуа. Меѓу местата Кегата и Апово нема ни два километра. Сепак, луѓето одат со авион. А не се мрзи. Еден од нив (оној позади) успева дури и да дремне.

Најпонижувачкото искуство во животот на кучето

Не е тоа што мора да вршат нужда додека ги гледа народ, не е тоа што сите ги знаат дека имаат мерак на душкање газови, до бањањето е, и на што личат после тоа.

Олд вејв

Кој повеќе, кој помалку, ама фино остареле некогашните првоборци на новиот романтизам, њу вејвот и другите жанрови од 80-тите. Добро, Devo факат изгледаат гротескно ама па, ги сакаме. Бонус задача: Најдете го Бој Џорџ.

Кога НАСА ќе ти сплете џемпер

Елкички, снегулки, санки и други тракатанки.... Мислевме дека класичните американски џемперчиња кои се носат околу Божиќ не можат да бидат по кич. Може, може. Сето тоа, плус да трепка.  

Аман жено!

Личниот рекорд на спретност во редакција е носење на три пива во рака без да ги скршиш (ама некој да ти ги поземе на оставање). Иако не е нешто посебно за гордеење, барем не се чувстувавме глупо. И така се до сабајлево кога видовме што прави девојкава, на штикли, на два метра висок моноцикл, со десетина чинивчиња на глава.

Како да вратиш пратен меил

Добра вест е што фората работи. Лоша вест е што важи само за Гмаил и функционира само во рок до 30 секунди откако си стиснал "send".

Битлси, заебани

Да беа овие изјави од денешно време, ќе беа трајно впечени во колективното сеќавање. Прво ќе се појавеа на Твитер, па од таму ќе отидоа на Фејсбук, па од таму на сите можни портали, за на крај фотките да завршат на Инстаграм или како гиф на Тамблр.

Поздравување со Пол Вокер

Официјалниот видео трибјут за Пол Вокер  од студиото Универзал и тимот што го работи Брзи и бесни.

Викни ја Диего!

Бидејќи Ленон е веќе мртов, подобро и поуверливо "Don't Let me Down" од ова нема да слушнете. Кристијан Диего, една година и 11 месеци. На прав пат.

Ла Кукарача, задоцнето решение

Играва некои ја знаат уште од времето кога се викаше "Ла кукарача" и одеше на А1 а ја водеше Неџми. Некои не ја знаат никако. Во секој случај: 4,531,985,219,092 - тоа е вкупниот број на комбинации кои се можни а дечково сепак тврди дека знае начин како 100 посто да победувате! Спојлер: ние не разбравме. 

Како ти успева, Илоне?

Илон Маск е ЦЕО на Tesla и на SpaceX, претседавач во SolarCity, човекот позади Hyperloop и е татко на пет деца. Како стига и што уствари тој прави?

100 филмови што ги имаше годинава

Видеото трае 6 минути и 45 секунди, и за ова време треба да ве потсети на (над) 100 филмови што годинава излегоа во 2013-та. Ако за ништо друго ќе ве потсетат на сите филмови што сте си ветиле дека ќе ги гледате и потоа никогаш не ви текнало на нив.

20 најпуштани нумери за 2013-та во една песна

Затоа што цела година ги вртеа, сега ќе ви бидат доволни 3 секунди за да ви дојде песната. И сите овие 20 песни споени во 1 минута, во микс кој има некаква логика.

Македонија голема ама и универзумот не е за фрлање

Во 1996-та година астрономите решаваат да го насочат моќниот Хабл телескоп кон дел од небото која е најцрна темница, во правец кој не е попречен од ѕвезди и планети. По некое време стигаат снимките. Освестувачко видео, за многу животни перспективи и големини.

Вработеност

Анимиран филм по кој уште еднаш до уши ќе се вљубите во капитализмот, тој поредок со бескрајни можности за работа и исполнување на човечката потреба да се биде корисен и да се служи некому.

Дневното мени на Хантер С. Томпсон

Таткото на гонзо новинарството чиј пичвајз од живот е овековечен во филмот Fear and Loathing in Las Vegas поживеа 67 години. На крај изгледа морал да се самоубие бидејќи судејќи по неговата дневна рутина, природно бил неуништив.