Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Математика за дрва по математика

Пред години и години (кога ние бевме млади) моливите со таблица за множење беа врвното достигнување во светот на криминално решавање тестови / писмени по математика. Ова што го имаат денес прави ние да изгледаме како да сме живееле во турско, ама на почетокот. Ви преставуваме апликација за решавање задачи од книга.

Претопение грешних

Разјарен мажјак сред својот ритуал за потрага на партнерка за парење, одеднаш соочен со еден од своите ретки природни предатори - женско со прашање што боли.

Постојат ли супер херои и што прават тие?

За дете од западната хемисфера, суперхерој е некој што има кул гаџети како Бетмен или пак е толку храбар што му се може да носи гаќи преку панталони како Супермен. Свои суперхерои имаат и децата кои немаат среќа да живеат во таков филм. Нивните јунаци летаат по облаците и им носат вода или пак прават некоја магија и почнува да расте храна од земјата. Брилијантно уловено парче од една детска реалност.

The Norden

Извадок од фински документарец на тема нордиски затвори. Во него управник на Атика затворот од Њујорк (да, тој од филмот) оди во посета на 4 нордиски затвори. Клипов е од затвор Норвешка. Одамна не сте виделе вака вчудовиден човек во години. И вие ќе бидете исти.

Маалски Wi-Fi војни

Кога си раат со комшиите, домашната Wi-fi мрежа ja крстиш колку да си ја познаеш или да покажеш дека си штосен. Но, има случаи кога името на твојата мрежа може да служи за дијалог со комшиите и нивните безжични мрежи.

Како се руши дрон на фудбалско игралиште

Чисто да ви стане јасно што е поентата ако во наредниот период, српската полиција распише тендер за набавка на соколи.

Не може по-кул од ова

Дамата пристигнува на кочија, ја придружува господин со кого доаѓаат до железничката станица. Таа се фаќа за гитара и почнува да ја свири "Didn't it rain". Некогаш луѓето имаа стил.

Факти

Факти, заклучок, наравоучение....

Мали бе!

Детево има 8 години. Ако вие познавате некој на негова возраст искористете го ова додека можете, за да му ги унитштите сите претпоставки дека од него треба да се чека да порасне.

Судирот на титаните

Бил О'Рајли ја промовира новата книга. Промоцијата му е кај Џон Стујарт. Промоцијата е само алиби за седнат и да се распердашат за сè што до сега им било на срце.

ГМО-то, доброто и лошото

Бил Нај за генетски модификуваната храна, на многу човечки јазик. Што сме направиле до сега, што сè можеме да направиме и добро и лошо, и што он мисли за целата работа.

Генијална реклама за секс

Сме виделe безброј реклами во кои сексот се користи само како мамец за полесно да се продаде некој производ или услуга. Чак и македонските владини кампањи го промовираат сексот ама само за да ни увалат (наши) деца и (нивни) идни даночни обврзници. Камo бре реклама за самиот секс, како таков? Та-даам, еве ја!

Јутјуб хаику

Како и во поезијата, и јутјуб хаику се кратки форми чија поента не мора секому да е јасна. Ама ако поентата те погоди, може да ти се отвори трето око.

Ај да (не) се дружиме

Зак Галифианакис и Џими Фалон ја развиваат приказната за двајца пријатели во Америка кои ете сакаат да се видат ама никако да најдат слободно место во своите преполни агенди.

Морков

Ви го претставуваме морков, малку постар, ама комплетно еколошки уред кој работи на сончева енергија, има сериозна стапка на компатибилност и дури е и здрав за тебе.

Звуци за друштво

Имате десет основни звуци (дожд, громови, бранови, ветар, оган, птици, штурци, кафуле, тибетанско ѕвоно, и прекин на тв програма) што ги палите, гасите и миксате како што ви е мерак, и какво расположение ви треба да ви ѕенѕа во позадина.

Што е ГМО?

Екипата на Џими Кимел решава да прашува луѓе што значи ГМО. Тема на која сите се јаки, ама во коментари по социјални мрежи и форуми. Вака во живо, малку потешко оди. p.s. О е за организми.

Сите победници на Golden Drum 2014.

Победници од годинава по основа на добиен Golden Drum Grand Prix, во речиси секоја категорија што може да ти се појави во фактура кога правиш маркетинг кампања.

Дечурлана на вечера од 220 долари (од човек)

Шест второоделнчиња од основно во Бруклин ги носат на вечера кај Даниел, еден од најлуксузните ресторани во Њујорк. Вечерата е составена од дегустирање на 7 различни јадења од ресторанот, со ред од предајдење до десерт. Нивна оценка - репете од десертот.

Подарете ебола

Иако до божиќното шопинг лудило има уште два ипол месецa, добар дел од западните трговци уште сега се кладат дека главна тема на овогодинешните подароците може да биде смртоносниот вирус.

20 најдобри стендап шоуа на сите времиња

Стендап-от (во Америка) почнува да добива на популарност некаде кон крајот на 70-те. Во тоа време специјалкитe се сметаат за врвното достигнување на секој комичар. Така останува и до денес (со малку разнишан статус на "врвноста" на секое стендап шоу). Ова се 20-те најдобри, некои ги имаме комплетни, од некои само исечоци, па ќе треба да ги побарате по торенти.