Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Сè е ремикс

Ремикс - комбинирање или монтирање постојни материјали за да се создаде нешто ново. Не се работи за крадење, се работи за влијание. Не се работи за музика, се работи за сè.

Не се сите херои цртани

Ниту пак имаат супермоќи, ниту пак некој ги знае, ниту бараат некој да им аплаудира, а најмалку од сè се луѓе. Тоа не го намалува бројот на човечки животи што ги спасиле. Од нивна гледна точка, тие не ни имаат претстава дека се херои, само знаат дека имаат некоја работа што треба да ја завршат за да добијат банана.

Плашење на стариот

Секогаш истата финта, секогаш истата реакција. Бар за еден од нив двајца, ова е совршен соживот.

Музика на ангро

Ако не ја знаете оваа бесплатна разница на концерти во живо, време е. Преку 140.000 причини за слушање или даунлодирање.

Го викале Елоквентнио

Збирка од моменти во кои Џон Стујарт го покажува врвот на својата речитост, собрани од целиот негов мандат за време на владеење со Дејли шоу.

Политика

Едниот е премиер на Австралија, другиот е главен на опозицијата, а тој што е различен е новинар.
- Се боревме и успеавме да се вратиме со рејтинзи и сега сме на ниво со опозицијата.
- А како би ја опишал опозицијата?
- Како комплетен распад, со докажано минато на некомпетентност, и за тоа не се влада.
- Извини, чекај малку, се боревте за да бидете на исто ниво со некомпетентен распад?

Битката за аеродромскиот Прајд рок

Од очајот на откажаниот авионски лет, сред чекалиштето кое немилосрдно го забавува секој следен момент, се издига дуел на два тешкаши - екипата на бродвејската претстава Кралот Лав, наспроти екипата од бродвејската претстава Аладин. Па каже...

Загарот од твојот мобилен

Тоа што Сири и Гугл Нау сакаа да го постигнат, го постигнува видеово. "Видеово" затоа што ова е прво појавување на концептот, изгледа премногу добро за да е вистина и делумно од љубомора што не можеме да го пробаме. Апликацијата се вика Хаунд (Hound) и автор е компанијата зад СаундХаунд. Функционира исто како колегата од карши, што цел ден го дрвите со секакви прашања, а она па запнал да ви одговара.

Постара и поубава "Brown sugar"

Тоа што не можеа милошевиќевите лудаци со Дубровник (да го разурнат со бомбардирање за да го изградат постар и поубав), можат Стоунси со себе и своите хитови. Како загревање за реизданието на албумот Sticky Fingers, пуштија до сега необјавена верзија на Brown Sugar, снимена на роденденска журка кај Кит Ричардс во 1970-та година, со поразиграни пратечки вокали и  - Ерик Клептон на гитара.

Во лов на преваранти што мислат дека се аудиофили

Цела индустрија се базира на манијата на одредени луѓе дека "градењето на сараундот," потребата од златни кабли и џекови, спајкови на држачите и слични перверзии ќе доведат од вадење на совршен звук од нивната опрема. Цел ЈуТјуб се базира на тоа дека годишно имаат 85 милијарди преслушувања на песни од луѓе на кои не им е гајле за квалитетот на музиката. На повеќе имаш 6 исечоци од песни во 3 различни квалитети. Треба да погодиш кој е највисок квалитет.

Шепкачот на осила

Клучен прв чекор во отстранување на какво било осило е да се замае колонијата и осите да бидат што е можно помрзоволни. Потоа ја чистиш слој по слој. Единствен отпор има кога ќе дојде ред да ја собереш матицата. Важно е ништо од ова да не правиш сам, туку да најдеш луѓе што знаат што прават. Во конкретниов случај мајсторот е од село во Западен Бенгал.

Токио рика

Едни што го изгледаа клипот се фатија за тоа колку е добро снимено видеото, па уште подобро и монтирано. Другите го форсираа текстот, затоа што те тера да се вдлабочиш во видеото и му дава логика. Аргументот на третите беше - вие глуви сте? Инаку, комплетот е разгледница за многуте ликови на Токио.

Карл Пилкингтон против светот

Излишноста на битисувањето и она што ние мислиме дека е живот, што е реалност, а што не е, алиенација на младите од општеството, институции и правила неподготвени за утре, се само дел од проблемите кои Карл одамна ги има совладано, за денес да се справува морални и филозофски дилеми на сосема друго ниво, кои директно задираат во маките на обичниот човек.

Најкомплицираната граница во Еврoпа

Белгија во кој било дел од последниве 25 години да ги имаше нашите соседи и нашето место, до сега ќе беше распадната, прежалена и заборавена. За нејзина среќа, се наоѓа кај што се наоѓа, и има разбрани соседи како Холандија, Франција и Германија, па може да си дозволи да се однесува како Белгија.

Џон Оливер: ФИФА 2

Не работата "ви реков," ама Џон Оливер многу аргументирано ја збореше ФИФА и криминалите околу неа уште ланското лето. Ова е апдејтот по минатонеделното апсење на функционерите.

Адвокатот на Гркот

Германците имаат многу што да забележат на видеово (инаку Германско, на ЗДФ, за грчкото барање за репарации од Втората светска војна), ние имаме далеку повеќе што да забележиме кога Грци зборуваат за жртвата на деца протерани од својот дом. Ама и првото и второто не го олеснуваат страдањето што третите го минале.

Ова не е реклама за Најк

Еден од најинтензивните мотивациски говори на интернетов, во изведба на дечкото од сликата. Може да се аплицира за што и да ви треба куражење, а може да го искористите и кога некој од околината ви е кенкав околу нешто. Ем доволно е краток за да го изгледате.

Плеер 3: Чаир

Нисан 350з Прочарџер на отворен автопат лабаво предизвикува на трка Порше 911 ГТ3. Двете машини се ставаат во погон и почнуваат да го корнат асфалтот, кога од никаде во игра влегува Чаир...

Лудиот Макс пред и по компјутерски ефекти

Ако до сега не сте го гледале филмот, тоа сметајте го за една од најголемите грешки за вториот квартал од годинава (и најдобро да ја поправите под итно). Ако сте го гледале, вака изгледа филмот пред на него да седнат луѓето за компјутерски ефетки. Да се навратиме на првиот дел од воведот, сериозно, оди да го гледаш!

Бугарија се сеќава

3 години подоцна, бугарскиот сајт Лентата се навраќа на една историска неправда што ние Македонците, конкретно Офф.нет.мк го има нанесено на бугарската младина, конкретно на абитуриентките. Текстот со наслов "Македонци се подиграват с българските абитуриенти..." започнува со "Братята македонци са потресени от българските абитуриенти..."

Кога ќе ти дојде градежна експанзија

Без разлика колку веселат сликиве, растажува што немаме приказни и очевидци за тоа како е дојдено до овие решенија.

Драган Б. Костиќ за Димитар Масевски

Во последната емисија на Кавервил, Драган Б. Костиќ пакува "музички омаж" за еден од "големата четворка македонски композитори" - Димитар Масевски. И двајцата заслужуваат ова да се чуе.

Тажни брендови

Бунтот е некаде помеѓу "не пукнавте со среќниве брендови" и "можеби не сте толку тажни колку што ве цртам, ама па и не сте толку среќни што се цртате." Дело на Адам Курц (@adamjk), а изборот е по нарачка на твитерџии.

Универзумот и Ти

Бил Нај го објавува најновото истражување на научниците кое ја потрвдува способноста на Универзумот на комуницира со директно со тебе и да ти праќа пораки.