Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Je suis - сè!

Социјалните мрежи донесоа модификација на познатото логичко-инаетџиско прашање: а зошто вие ги мачите црнците? Ви текнува дека така одговаравме на секое американско прашање за социјалистичката заостанатост, непостоењето на човековите права и слични прашања на младата (непостоечка) демократија.

Ние реалните

Селесте Барбер е австралиска комичарка која ги ремети познатите фаци и нивните совршени светови споделени на интернет. Барбер покажува како тоа изгледа во реалниот живот. Не е идеално ама е позабавно.

Познавај го непријателот

Ова важи за првиот јавен настап на Rage Against the Machine. 1991, со Know Your Enemy, нешто поинаква од верзијата која ќе се најде на нивниот прв албум следната година. Снимката лоша, нормално, сè друго луто и скоцкано пасент. Дури и на вакви снимки, ќе се најде коментатор (на Јутјуб) кој ќе каже: "Зак е мексички шупак". Тоа е.

Како тоа го гледа Скорсезе

Прекрасно анимирано старо (1990) интервју со легендарниот филмаџија Мартин Скорсезе.

Работи од Принц што не ги знаете дека се негови

Некои од делата на Принц што цело време ни се пред очи, без поим да имаме дека се негови или дека он некако бил вмешан во целата работа.

Сè е наопаку

Видео снимка од протести. Локација: Словенија. Цел: стопирање на муслиманската миграција. Што сакандираат анти-муслимански протестанти во Словенија? Доналд Трамп! Доналд Трамп!

 

Мајкл Џексон - now!

Онаа епска сцена од "Apocalypse now" не би била ни напола ефектна без музиката на Вагнер. Истото важи и за ова видео.

Спуштање со челични нерви

Хеликоптерот е британски (Lynx), пилотот Дански а местото на кое треба да слетаат е такво за кое и орел двапати би се премислил

Нема правда, нема мир

"Само сакам да сум свој, одбивам да бидам број" пее Бени во спотот кој го ц'цкаа бааги време но, ќе видите - вредеше. Бени самоуверено ја предводи својата Нон Стоп банда додека Бобан ја камшикува гитарата, Црни ја држи песната под конец, клавијатурите на Душко ја покриваат секоја пукнатина а зад бубњевите се и Хистер и Бумбар. Режисер на видео записот е видео маестро Чедо Поповски а снимано е по град -  тротоари и покриви, споменици и гулаби, луѓе и бројки и еден тон решителност и одважност.

Како пропадна Титаник, ама да бидеме реални

Без разлика колку ве занима таа приказна и колку пати сте го гледале филмот или пак документарци на темата, ова нема шанси да го изгледате поштено. А се работи за најреалниот приказ на несреќата на тој брод. Тоа е и проблемот. Видеото трае 2 ЧАСА и 40 МИНУТИ. Ќе пробате?

Дивизија - Стереотип

Дивизија постојат бааги време а последниве години се дополнително запнати и влезени во работна кондиција. Со спотот на својата најнова песна го најавуваат својот втор албум, а од насловот ви е јасно дека зборуваат за она во што со години се давиме. Ѕирнете како ним им изгледа атмосферата во која тие ја создаваат својата музика.

Колку сила има во една фотка?

Трибјут на фотографијата, која не се мери во лајкови пер селфи, туку колку историја има собрано во еден кадар.

За прекрасната уметност на губење време и како да се спречи

Како систем на верување губењето време / одлагањето се сведува на ставот дека сè може да се заврши попосле, и дека попосле е магичниот дел од временскиот континум во кој има време за сè што останало.

Колку илјади долари си во право?

Брилијантноста на Бил Нај околу различни научни теми не е ни тема на муабет, таму сè му е оверено. Меѓутоа воодушевува леснотијата со која човекот се справува со неписмени дрва кои го прозиваат (инаку многу спремниот научник) обидувајќи се да се огребат од неговото име за малку слава. Еве еден пак му мрчи за глобалното затоплување.

Цртани испрани во реалност

2Д ликови кои одлично функционираа, преправени во нивните 3Д верзии. Некои само 3Д, некои сосе сите трауми и болки што би им ги донел анимираниот живот. Како да имаме поубави сеќавања од 2Д.

Холивуд после аболицијата

Што би правеле денес и со што би се занимавале некои од најпознатите филмски негативци кога некој како Иванов би решил да ги помилува, во име на смирувањето на тензиите на филмското платно.

Кина, 100 години подоцна

Стари слики од Кина од пред еден век до остарени слики од Кина од пред некоја година (која како). Нешто ново, нешто апдејтувано.

Мажот каков што е

Никогаш не сме тврделе дека се разбираме во мажи ама  - вака треба да изгледаат. Ѕирнете го спотот на Макс Гаце за песната "Животот каков што е" за да знаете на што мислиме. Мустаќ, гаќа, ципела, бербер, бунда на синдикалка, опуштеност, шеретлук, галантно лузерство.... сè во овој нивен свет е брилијантно дизајнирано. Кај живеат бе вакви луѓе?

Местење на коцките

Снимка од едно брзинско редење Рубикова коцка. А видеото од тоа трае цели 2:29 минути?? Ќе мора да ни верувате дека вреди да почекате.

Џукелата што стана лав

Приказната почнува кога германската фотографка Џулија Мари Вернер во Шпанија пронаоѓа едно прегладнето улично куче кое душка по контејнери барајќи храна. Љубов на прв поглед, и песот инстантно е посвоен. Новоименуваниот Чико Леополд вон Вернер, за Џулија не е поранешна џукела, туку храбар мал лав. Сликиве ќе ви доловат како го доживува.

Како да реметиш боди билдер

Некои не го можат тоа од што с(м)е целите укочени и фатени, а некои од што станале преголеми од вежбање. Во обата случаи човек треба да се пази да не му залепат етикета од зад грб.