Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Масакрот во Лас Вегас на насловните на американските весници

Убиени 59 луѓе, ранети и повредени речиси 530. Сите, жртви на 64-годишен Американец со автоматско оружје (17 парчиња), хотелска соба на 32-ри спрат и за сега без јасен мотив - зошто? Вака изгледаа дел од денешните американски весници.

Специјалните ефекти од Чувари на Галаксијата 2

Дрво човече, ракун што зборува, вонземјани од сите видови кошмари, неколку вонземски цивилизаци, неколку посебни светови и многу, многу, ама многу летачки борби и ќотек. Сето тоа скоцкано на компјутер.

Животот не е ЦСИ

Колку што можеш да очекуваш Хулк или Тор да ти помогнат околу глобален проблем, толку треба да очекуваш и дека ЦСИ лабораториите (судска медицина) во реалниот свет ќе функционираат како оние од филм / телевизија. И тоа никому не му е спорно. Она околу што голем број луѓе се збунети е тоа што и кога ќе извадат некакви резултати, дека форензичарите непогрешливо се во право.

Американската "слобода" погледната од надвор

Како што објаснува Џим Џефрис: "Во Амстердам можеш да пушиш марихауна додека имаш секс со проститука пред полицацец... и стварно мислите дека сте во конкуренција со Холандија?" Објаснува и друго.

Очи полни пораз

Да не звучи како предизвик, ама може нема нешто поглупо што може да ти се случи како на помал брат. Што е толку глупо? Малиот голтнал свирче, големиов го малтретира со телефонот.

Во меѓувреме во Холандија

Да се разбереме, уште не можеш да нè убедиш дека журкиве (без разлика колку масовни) се нешто повеќе од човек што пушта емпетројки од УСБ стик. Да се разбереме уште нешто, луѓево си проаѓаат врхунски без разлика дал некој бил убеден во нешто или не. Најпрекрасната моронштина што ќе ја изгледате денес.

Искрениот трејлер за Ѕвездени патеки: Наредната генерација

Главното прашање што ќе ве прогонува по видеово: дали е ова стварно толку добро како што го памтиме?

Колку е Ајфон 8 Плус да го купиш на делови?

Си-ен-ен прави пресметка по пазарната цена на деловите на моделот на 8 Плус со 256 гигабајти меморија, дека дисплејот чини 43 долари (оди па смени дисплеј на Ајфон за 43 долари), камерите 37 долари, а батеријата 4 долари, за да види колку чини производството на еден уред (притоа уредно запоставувајќи ги сите други трошоци околу телефонот).

Зошто џандар гледа во бетонски блок?

Бразилската федерална полиција по 2-годишна истрага открива зошто некој од Бразил би испраќал готови бетонски блокови тешки по неколку тони во Европа со брод. Вие ќе откриете за околу 3 минути.

Добродојдовте во шпионски филм

Најзастрашувачкото парче софтвер што сме го виделе во последно време: комплет програми за препознавање ликови, возила и регистарски таблички, од снимки од улични камери. На презентацијава работи непогрешиво како во холивудски блокбастер. Производот е на кинеската компанија Сенстајм и е составен од Сенсвидео, за следење и класификација на објекти и Сенсфејс, за скенирање и споредување на лица со слики од база на податоци.

Машкиот пекол наречен настинка

Ако некогаш како грипосан маж си ја читал „Денови“ добиваш откровение дека таа нема врска со социјална правда и слично, туку дека Рацин пишува за маж во најтешките моменти од неговиот живот - мртов настинат и со душманска температура од 37,6. Ама едно пола популација на планетава не верува на маките што ги тргаме во тие мигови.

Кога универзумот има вишок карма на готовс

Едниот морон е лопов, другиот морон е битанга, двајцата спремни да ти нашкодат од чисто себични и ним оправдани причини. Инаку, двајцата немаат никаква поврзаност еден со друг, освен што се човечко ѓубре.

Грчец колинг

Бразилска полиција прави рација на локални нарко-дилери и нивниот погон за пакување. Според количината кокаин што од таму излегува на улица очекуваат дека ќе начекаат полн погон луѓе. Кога тоа, нарко-дилериве да ти се апгрејдувале како да се на грант од ИПАРД и немаат жив човек туку целата работа ја врши машина.

Како малите сипаници инкубираа на македонскиот дел од Фејсбукот

Ако немате чуено, да ве информираме дека изминатата недела во Скопје изби епидемија на морбили (мали сипаници). Значи: во 2017, во Скопје има епидемија, на таа, ни нова, ни незапирлива болест - сипаници. Како се случи тоа? Игнорантни родители заглавени во неодговорни и повеќекратно побиени теории на заговор за штетноста на вакцинирањето. Како сите овие години инкубираше оваа епидемија пред да избие, ќе видите низ дел од коментарите што сето ова време ги добиваме на текстовите кои ги објавуваме на тема вакцинација и глупавоста на нејзиното избегнување.

Автор на реклами во длабока животна криза

Американски продуцент на фина тезга во Шангај, треба за Кинезите да сними реклама за Мекдоналдс. Џон Бенет инаку ја сака својата работа и добар е во неа, и сè е е тоа во ред. Ама почнува да се прашува: чуму ова? 

Депеш мод обработка на „Heroes“ од Боуви

Оригиналот од Боуви е објавен на 23 септември 1977, обработката од Депеш мод е објавена вчера, на 22 септември 2017 на 1 ден пред 40-тиот роденден на песната.

Дечкото што можеше да биде филмска ѕвезда

1998 е премиерата на филмот „Рани“ кој успева директно да се вбризга во сржта на тукашната поп-култура и (пиратски) филмски колекции. Заедно со него доаѓаат и ликовите на Пинки и Шваба. Неполни 2 години подоцна Пинки, роден како Душан Пекиќ, загинува. Мајката на Душан дури годинава смогна сили да ја прочита обдукцијата на својот син.

Луѓе како нас

Што прават луѓе како нас? Пишуваат и зборуваат на мобилен додека возат кола. Да, ама тоа другите, не ние. Документарецот „It's People Like Us“ на оскаровката Ева Орнер покажува дека тоа "другите" не постои, туку дека сите го прават тоа, и претежно без да знаат.

Зошто Самсунг му е потребен на Епл

Двете компании се во судска битка вредна дестици милиони долари, додека истовремено имаат бизнис исто вреден десетици милиони долари, ама и покрај тоа не станува збор за некоја Бетмен и Џокер филозофска испреплетеност на постоењето, туку за меѓусебен интерес.

На скара во Токио

Додека мноштвото кафанџии во градот се натпреваруваат кој ќе биде богот на сушито и општо морската храна, човеков работи на скара на ќумур. Има секакви меса од овие регуларниве и тоа по распоред што он ќе ти го каже. Уште една фина фора од газдата: не дозволува деца во кафаната (ни со родители).

Марина Абрамовиќ за сиромашни

Пред некоја година Србинката имаше перформанс во њујоршкиот МОМА, „Уметникот е присутен“ кој вон уметничкиот еснаф остана запаметен по појавувањето на Улај, поранешната љубов и партнер на Марина. Овие на видеово не се ни уметници, ниту пак се на перформанс, ама за тоа се бивши, кои од едната страна имаат куп алкохол, а од другата куп прашања.

Деца на свадба, и зошто не

Ни тие нејќат да бидат таму, ни вие не сакате тие да бидат таму, а сепак таму се.

Доаѓа Гранд тур

Временската рамка во која е закажан почетокот на втората сезона од Гранд тур е "последните месеци на годинава". Требаше октомври, па излезе дека е веројатно ноември, а притоа никој не дематираше дека сепак би можело да се случи во октомври. За постепено загревање на работата, тројцата отидоа на фотосесија во Џикју, а таму зборуваат и за Гранд тур, за Бибиси, и колку многу сакаат кога некој ги прекинува сред јадење во ресторан за да направи селфи со нив.

Госпоѓата што знае да дипли

Сè се ова мали генијалности. И сè е јасно како се прави. И ништо од тоа никогаш нема да прифатите. Ќе си диплите како што ве научила мама.