Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Упатство за разговарање со дилер на марихуана, од дилер на марихуана

Дечково има многу основни и разумни барања: разберете луѓе сме нè стига умор; како што може во пицерија да почекате за да ви донесат пица, така може и мене да ме почекате без да ме брзате; и бидете фини бе!

Дечкото со ехото

Си открил за што е талентиран и го навежбал тоа до перфекција. Само, како се трпи самиот себе?

Како изгледа живот со човек со депресија

Два месеца по самоубиството на Честер Бенингтон, вдовицата на фронтменот на Линкин парк објавува приватно семејно видео од својот сопруг снимено 36 часа пред тој да си го одземе животот. Видеото го објавува со следната порака: "Ви го покажувам ова за да знаете дека депресијата нема ниту лик ниту расположение".

Стив Џобс фино објасни зошто Епл ќе издиши

Главни двигатели во една компанија се луѓето од продажба и маркетинг. А тие забораваат дека Богот што ги довел на тие места е производот кој го продаваат и рекламираат. Па со тек на време, луѓето кои мозгаат производи биваат истиснати од ланецот на одлучување. Некако појасно станува зошто Епла вади сè побледи продукти, нели?

Ермес сака да ви продаде камен

Што ќе ми е камен? Се става над документи за да не ти се разлетаат. Буквално само камен? Не, и затоа е без "буквално" во наслов, има и кожно каивче на него. Кај им текнуваат вакви работи? Дел од "да не оди фира" програмата на Ермес, во која се искористуваат остатоците од производството на најразлични нивни продукти. И пошто е каменот со рециклирано каивче? Буквално 840 долари.

Љубовта ќе ги победи џандарите

Да видите зошто лавот е крал на животните. Не затоа што е најсилен па сите му се плашат. Затоа што кога ќе почне една работа, ја завршува. 

Со авион над Пјонгјанг

Една од ретките прилики кога странец добил дозвола да снима од авион додека го прелетува главниот град на Северна Кореја. Убаво и мирно, некако ко Скопје во 70-тите. Оно, Скопје секогаш било убаво, ако го гледаш од високо. Проблем е кога зумираш во деталите.

42

Не е од Автостоперски туку од Бугати. Од нула до 400 км/час и од 400 до нула. За таман толку колку што на другиве ни треба да уфрлиме во трета.

Мотивационо видео на денот

Клипот ги содржи сите елементи што го сочинуваат животот: желба, препреки, борба, чувство на заглавеност, решеност, очај, безизлез, истрајност... И не сме сигурни дали ваквиот крај е хепиенд.

Ние и Индија

Видеово трае 19 минути а човек не може да му се изнагледа. Ваков народ имаме, ама имаме ли вака луто машинче? Или ние имаме купено од оние фините, направени да соберат по некое ретко ливче по скандинавски ивичници?

Како ни ги одмилија патлиџаните

Се враќаме во 1994 година, кога на американските пазари за првпат стигна модифицираниот „флејвр-сејвр“ патлиџан, супериорен во изгледот (црвен, тркалезен и мазен) и неговите транспортни перформанси (не скапува па тоа ти е). Процес кој доведе до тоа да денес, во 2017 година, во земја како Македонија, и во август тешко да најдеш патлиџан од кој нема бар пола да фрлиш, пошто е тиква. Нормално, компанијата која го започна тоа подоцна заврши во Монсанто.

Американска рецензија на Европа

Американец бил во туристичка посета на Европа и направил монтажа со своите најсуштински реакции на она што го видел.

Рецепт за сендвич со упатство за гледање

Да знаевме да ги монтираме видеава немаше да се објаснуваме, ама што е тука е. Три работи. Прво, копнежот е за првото божество од сендвич. Второ, без тоа џемот (мада може и со тоа да е вкусно). Трето, ако веќе пребираме и лепчињата треба да ги потпече.

Како гореа милионите на Елон Маск

Минатиот месец Елон Маск објави дека монтира видео со блупери од сите неуспешни слетувања на ракетите на Спејсикс. Деновиве заврши со монтажа и го пушти видеото под наслов "Како НЕ се слетува ракета". Штетата направена во тестовите се движи во рангот од стотици милиони долари.

Богот на возењето камион во тесно

Предизвикот е камион со приколка товарена со балвани да се збута преку едно мовче. Неименуваниот херој е француски камионџија.

Лајфхакс за ѓубриња

Совети за најлошите меѓу нас и за нас во најлошото издание. Без разлика што мислите за луѓето што го прават ова, мора да се признае дека советиве личат ко стварно да функционираат.

Пречитување на Наркос

Истите ликови, сосема други реплики и содржина. Сега се вика "Сој Пабло" и се работи за двојник на Ескобар кој се инфилтрира во неговата организацијата, и е дело на Bad Lip Reading.

Како изгледа натпревар во сечење со нож

Без да го омаловажуваме трудот на тој што го направил и острел ножот, да бидеме искрени и да си признаеме пред сами себе дека типов би можел истово ова да го постигне и со супена лажица.

Екстремно точна пародија на Ајфон Х

Како што е ред, да ја завршиме патерицата од Ајфон денот со трето видео на темата - најава и презентација на емоџи машината од 1.000 долари.

Сите аплаузи за Епл

Со целата можност нешто да не сме разбрале, ама да аплаудираш на презентација за нов производ на Епл во суштина е исто како да ѝ аплаудираш на девојката на разглас во Веро.

Кој тоа ми седнал на патот?

Кога возиш маунтинбајк по тесно планинско патче, очекуваш дека е можно да се појави некоја пречка на патот. Ама не баш секаква.

Дојде Ајфон Х (а и 8)

На вчерашниот Епл настан одржан во новото седиште на компанијата беа потврдени најраспространеите гласини што се вртеа периодов. Епл извади два телефон 8-ца (и 8-ца плус) и Х, кој службено ќе се чита 10. Изгледот е идентичен како од протечените фотографии, а цената на Х е нешто пониска од очекуваната, 999 долари, наместо шпекулираните 1.200 долари. (За овој и за другите уреди што излегоа сменете го знакот долари во евра, додајте ДДВ и ќе ја добиете отприлика нивната цена кај нас.)

Како која телевизија реагираше на 11 септември?

Мултиплекс од 6 големи телевизии (NBC, CBS, BBC, CNN, FОX и ABC) и нивните програми во живо кога оние мамлази од Ал Каеда удрија во кулите близначки. Си Ен Ен први, Би Би Си последни, со едно 8 минути разлика. Да се однесуваше ова за наши телевизии, на некои на календар ќе требаше да им гледаме.

Флорида не се дава

A најдобар начин да не се даваш е да се забеваш.