Роден во Земун, Пинки умира додека служи воен рок во Краљево. Сите овие 17 години причината за неговата смрт не е објавена. Јавноста смета дека е во прашање предозирање, а пријателите сметаат дека Пекиќ се задушил.
"Беше во војска во Краљево, претходниот ден имаа заклетва. Претерал со пиење. Кога се разделивме, отиде со другар во соседниот град и продолжиле да пијат. Се вратиле околу полноќ во касарна, а следното утро кога офицерот ги буди војниците, го оставил Душан да спие. Секогаш тешко се будеше.
Во обдукцијата пишува дека смртта настапила како последица на гушење, заради вдишување на желудочна содржина. По 18 години се осудив да го прочитам наодот," изјави годинава мајката на Душан во интервју за Мондо.
Како што пишува Ана Калба во Ноиз, приказната за момчето од улица што можеше да стане филмска ѕвезда останува како легенда. Душан сосема случајно влегува во „Рани“, откако луѓе од продуцентската куќа го забележуваат на улица во Земун и го канат на аудиција. Тој е „обично дете, до душа во погрешно време и во една погрешна земја“.
Патувањето во Атина со екипата на „Рани“ е неговото прво патување во животот вон Србија, а Шваба (Милан Мариќ) подоцна раскажува дека заедно прв пат се опиваат, одат на летување...
Училиштето го нервира, но затоа е силно решен да запише Академија, „затоа што таму се работи на себе“. Не го доживува тоа.
Теофил Панчиќ во 2000, неколку дена по смртта на Душан Пекиќ, пишува:
"Приказната на Пекиќ беше, имено - или поточно: можеше да биде - приказна за позитивниот српски сон:
Приказна за типично градско момче, по ништо однапред 'програмирано' за Успех, кој преку среќен сплет на околности излегува од анонимноста и социјалната безнадежност на денешната Србија, меѓутоа кој исто така е волен и решен да докаже дека неговото Испливување е повеќе од случајно, дека случајност всушност и нема (што, впрочем, секогаш е близу до вистината); Големиот Сценарист - кој не трпи противење - му одреди, сепак, друга улога, онаа која навредливо директно кореспондира со неговото филмско деби. Сега сите, секако, ќе се сетите на неговиот завршен - постхумен - монолог во Рани, и замрзнувачката реченица: ’Sve mi se čini, rođaci, da sam ipak prošao bolje od vas.’ "