Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Ништо не е тивко на Источниот фронт

Истори (Eastory) e Јутјуб канал на анонимен дечко од Естонија на тема историја, и тоа главно периодот околу Втората светска војна и нешто ситно од други периоди главно околу естонска историја. Меѓудругото, има и една одлична серија околу Источниот фронт и неговиот развој од 1941 до 1944.

Обновливите енергии нема да ја спасат планетата

Мајкл Шеленбергер е човек кого магазинот Тајм го има прогласено за „Херој на околината“. Во поглед на обновливите енергии, тој од верник станува скептик, затоа што земаат премногу простор. Простор на кој некој, сепак живее. Прашајте ги желките во пустините на Калифорнија или птиците кои живеат во близина на ветерници. Шеленбергер сега е за нуклеарна енергија. И ние би биле за, кога би се гарантирало дека во нуклеарките нема да заврши некој Хомер Симпсон.

Руска душа, словенска и нуклеарна

Пред ревносните фанови на НАТО да почнат да паничат и загрижено да вртат телефони во седиштето на Алијансата со предлог „Ние од Северна цениме дека е крајно време превентивно да удриме на Русија“, само да ви кажеме дека ова е стара заебанција а песната ја има напишано војник на Советскиот Сојуз.

Рафално позирање

Во Кина изгледа немаат многу време за фотосесии па моделот натенане да се мести и да фаќа различни пози. Цурава прави три пози во секунда. Ако фотографопт не успее да ги фати, Жао Ми Је. 

Каде погрешивме?

Можда може роман да се напише за оваа сцена, за сè она што на човекот му минува низ глава во овие моменти. Ама пошто никој не чита романи, видео.

Демонтажа на „најдобрата“ монтажа за годинава

Без разлика колку вие мислите дека е безмозочно што годинава Рами Малек во таа конкуреција го доби Оскарот за најдобра машка улога, луѓето што се занимаваат со монтажа се неспоредливо повеќе збеснати од тоа што Боемска рапсодија воопшто беше номинран во таа категорија, а не па што доби Оскар за истата.

Направи сам нешто за себе

Кејси Неистат е една од најголемите глобални ѕвезди на социјалните медиуми, со бројки од типот 11 милиони претплатници на Јутјуб, и стравопочит од секој еден од негова фела каде и да се појави. На кратко, Неистат одлучи да се откаже од социјалните медиуми (Твитер и Инстаграм), затоа што му е смачено од истата работа од која и вам ви е смачено само не преземате ништо околу тоа - социјалните медиуми се претворени во комплетно бесцелно губење време, кое не си ни свесен дека ти се случува. А дечкото не прави ништо радикално, туку само решава да ги избрише апликациите од својот смартфон, што е буквално еден потег пер социјална мрежа.

Гордон Ремзи и секој пат кога му е послужено лошо морско/рибешко

Ако за ништо друго не ви е мерак, Гордон Ремзи треба да се гледа за изобилието начини со кои располага за да укори и навреди човек, и како секој пат одново и искрено е изненаден од туѓи фејлови.

Американецот што реши да жени украинска Анџелина Џоли

Општа тривија од видеото: На агенцијата што посредува и има платено над 10.000 за контактите со девојката (пример еден меил да размениш е 10 долари).
Една опсервација од страна околу целата работа:

- Тој во видеото: Девојката изгледа како Анџелина Џоли, што можеш таму да згрешиш?

- Јутјуб коментар на видеото: Ти не изгледаш како Бред Пит.

Боемска рапсодија поинаква од другите

Знае да свири клавир како да има 6 години, a се труди да свири како да има 30 години (или која и да е возраста кога луѓе најмногу се трудат).

Кога Тито го тепаше Хрушчов со стап

Или кога докторите му забраниле на стариот да јаде мрсно па додека го масирале, сам си пеел: „Друже Тито, бјела лица, нема више кобасица“. Или кога Тито го прашува папагалот "Како си данас?" а овој му враќа "Јебено..."

Дрон што лае, не каса

Се множат вести за тоа како роботи го заменуваат човечкиот труд како што автоматизацијата освојува сектор по сектор во индустријата. Но, луѓето не се единствените кои ќе останат без работа.

Making of: Smack My Bitch Up

Како се прави Smаck My Bitch Up од Prodigy, во популарниот музички секвенцер Ableton. Дел по дел, парче по парче, семпл по семпл, комплетна 10 минутна вивисекција.

Или најголемото ѓубре на свет или фејк њуз

Некој автопат низ Турција, а на него човек со понов модел на Мерцедес упорно спречува една Брза помош со вклучени ротациони да го помине, директно квалификувајќи се за финалето на ѓубре на годината. Или...

Бучни наспроти битни гласови

Расипаните системи стануваат само полоши кога ќе ги помешаме бучните гласови со битните.

Кој е бре стар, кој е бре готов?

За оние кои свират на нешто ова е една од попотресните работи кои ќе ја видат. Јер таквите знаат дека кога ќе те фати свиреж, тoa не те напушта дур мрдаш. А веројатно и 40 дена после тоа.

Жена, тетка, шампион

Кој друг ќе ги изведе децата на прав пат и ќе им ја покаже сета суровост на светот, ако не жена што не ги родила.

Значењето на војничката чизма

Многумина се спрдаа со странските донации за АРМ во вид на чизми и цокули и со начинот на кој министерката стручно ja анализираше донирaната опрема, мислиш има диплома од Воената академија ЧИК - Куманово. Не се заебавајте, чизмата знае да биде драгоцен војнички сојузни во некои ситуации. На пример, кога треба да се дадеш во јуриш. Или, поверојатно за кај нас, кога треба да се дадеш во збег.

Другар и ретард

Прво ќе помислите дека е од оние смислени заебанции. И после ќе во стане јасно дека он тоа озбилно! Гение.

Баклавите на Мехмет

Мехмет ги прави баклавите како што се прават во Газиантеп, на југот на Турција. Да прошетаме малку низ тоа негово шербет царство.

Две цртички за Тито

Во однос на САД, не само оваа наша Македонија, туку и онаа Титова Југославија беше мал играч. Па сепак, Тито го примаа во Белата куќа со сите државнички почести, а тој знаеше и пура да им запали во дневна. На нашиве, животен хајлајт им е ако ги викнат на оној божиќен појадок, а после тоа да не ги претресуваат да не украле некоја виљушка. Знаете зошто? Меѓу другото, затоа што за разлика од дипломатскиот гигант Никола Димитров, Тито верувал дека колку и да се мали, секоја земја и народ имаат свои црвени линии.

Опишете ја својата возраст со еден збор

Ферски е прво да го одберете зборот кој ја дефинира вашата возраст па дури потоа да го погледнете ова видео во кое истото тоа го прават луѓе од 4 до 95 годишна возраст. Не го рачунаме за спојлер ако ви кажеме дека најдражесни се одговорите на најмалите и на најстарите. Сè што е помеѓу тие две крајности од животниот циклус (тоест ние, тоест вие) звучи некако „тупаџиски“ во однос на себе.

Треба ли? Треба!

Дилемата на Слејт е дали треба да гаѓаш бебе во лице со парче кашкавал? Веројатно ако имаш дома бебе и вишок парче кашкавал, одговорот сам ќе ти се каже.

Како функционира расипан телефон

Играта ја знаеме но механизмот функционира на ист начин и во невербалната комуникација, дури и збор да не се проговори. Имајте го ова на ум кога некој ќе ви каже „Не те лажам, со свои очи имам видено.“ Да, ама која рака си бил во ланецот на видување?