Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Џезерите кои свират цртани

The Queen's Cartoonists се шарен њујоршки бенд (тапанарот е, на пример, од Бугарија) кои решаваат да свират еден жанр кој е ѓаволски тешко да го изведуваш во живо. Ќе го пуштат Попај и го свират.

Па уште и француски зборел

Како да немаше доволно аргументи во актуелната глобална зацапаност во Бредли Купер, еве сега капак и ова.

Кашмир, објаснето

И после ова педантно набројување на фазите на непријателствата околу Кашмир ништо нема да стане појасно ама така е со сите оние конфликти кои траат со децении. Кога Индија и Пакистан ќе ја дигнат планетава во воздух, како да ќе биде битно „кој прв почна“

Тој не го менува, ние го сменивме

Па уште кога ќе се жени па сопругата ќе посака да го додаде неговото презиме на своето....

Уметност базирана на дебели живци

Ако е нешто повеќе за почит од видеово што го направил дечково, тогаш тоа се живците потребни за создавање вакво нешто. Ќе го видите и едното и другото.

Порно за луѓе што се преселувале (или допрва треба)

Секој може да го бира сопствениот фетиш во видеово, дали тоа ќе биде што тие што те селат соблекуваат чевли пред да ти влезат дома, дали тоа како ти го заштитуваат цел стан за да не го излупаат или тоа како ги пакуваат работите што треба да ти ги селат.

Кога секоја дебата за интервенциите на САД би била за Годзила

Човек А: Уф, ова во Венецуела ни најмалку не личи на добро.
Човек Б: Да.
Човек А: Сета таа сиромаштија и немири!
Човек Б: Остај, ужасно е.
Човек А: Знаеш што треба да направиме?
Човек Б: Само немој да кажеш дека треба да го пратиме Годзила.

Брегзит за 32 дена, во 37 секунди

До Брегзит остануваат уште 32 дена. Во 30 и кусур секунди приказ на тоа кој колку озбилно го сфаќа тоа. Доналд Туск - зборува. Тереза Меј - зборува. Жан Клод Јункер - му ѕвони телефонот. Гаси еднаш, двапати, се јавува. Објаснува дека морал да се јави бидејќи ТАА не би престанала да ѕвони. Која е таа?

Американскиот сон за Рајхот

Во 1939 година, околу 20.000 Американци се собираат во њујоршки Медисон Сквер за да го прослават подемнот на нацизмот, епизода која галантно е подзаборавена во американската историја. Филмот „A Night at the Garden“ е правен исклучиво од архивски материјали од настанот и годинава беше номиниран за Оскар, во категоријата краток документарец. Наградата ја доби едно филмче за менструација.

Сам себе го поништил

„Behind the Curve“ е документарец на Нетфликс на тема рамна Земја и рамноземјаши, и немате поим каква празнина имате во живот ако до сега не сте го гледале. Освен што има некои фантастични концепти што ќе ги чуете од рамноземјашите (не постои небо, туку тоа е џиновски дисплеј), има и нивни искрени обиди со издржани експерименти да ја докажат својата позиција, дека Земјата е навистина рамна. Ова е еден од тие експерименти.

Вам не ви е денот?

Дечкото од кого осигурителни компании бегаат како ѓавол од крст. Ако против малери некои одат на бајачка, овој треба да им отиде на светски конгрес.

Звукот на оружјето

За тие што ја имале таа несреќа не по своја волја од блиску да слушнат оружје, рафалите секогаш ќе ги потсетуваат на некои од најстрашните моменти од нивниот живот. Ама не мора тоа секогаш да е така.

Слабо, многу слабо

Така амбициозно влеговме во годинешните Оскари што на плеќите на минатогодишниот успех надлежниот гатач за Оскари и слични церемонии се осоколи да го предвидува и победникот за најдобар филм. Иако само по себе успех е и што се погодени 10 од 13, крајниот резултат не е ни приближно триумфален како минатогодишните 13 од 13.

Друштвото на 15-те најголеми глобални брендови

Прволигашката табела го опфаќа периодот од 2000 до 2018, и најсурово прикажува како денешните технолошки гиганти ги сотреа сите индустрии околу себе, и како компании кои пред неполни 20 години вредеа милијарди долари денес се речиси комплетно збришани.

Каде се нашите а каде финските деца

Само една фотографија од школски двор во еден фински град зборува многу за тоа како се сфаќа животот, какви се навиките, воспитувањето, здравјето и другите важни работи кои се учат на мали нозе.

100 долари под микроскоп

Не како мерка на фискални пицајзли, туку како начин за воодушевување на ремек делото од кое е составена секоја една банкнота од 100 долари, и неверојатните технологии имплементирани во неа чисто затоа што можат, а и од превентива.

Хеј хо! Еве ги Ласт Експедишн!

По кратка пауза од 20 и кусур години, еве ти ги нив со нова песна. Па уште и добра, јака, асфалтна, како некогаш. Го зачувале стариот оган, уиграни како што ги памтиме. Енко ја гони песната во галоп, Сецко не ѝ дава да мрдне ни лево ни десно. Дечки, има да се рокаат газови на ова во живо!

Каква музика сме си нашле

Марко, Ирина, Олена и Нина. Се викаат ДахаБраха (отприлика Натиго/Дајмиго), доаѓаат од Киев и својата музика ја дефинираат како етно-хаос. И тоа каков хаос! Одамна некој вака не нè запрепастил. Урнебесно интересно.

Кога Масимо ќе се напуши

Масимо Савиќ, изненадувачки ведар и незапирливо насмеан, на теми бесење, плачење и слични радосни топици. Од сега, онаа негова „Сјај у тами“, ќе си ја потпевнуваме како што треба: „Сјај у трави“. 

Исповед на Вил Смит зошто одбил да го глуми Нео во Матрикс

Приказната многу повеќе вреди заради инсајдерското инфо што го споделува за механизмите и размислувањето на Холивуд, отколку заради тоа што е Вил Смит. Да е до него тој не би го снимил ни „Луѓе во црно“, ама добива телефонски повик од Спилберг (продуцент на Луѓе во црно) со молба „дај направи ми една услуга за ова, не го користи твојот мозок, користи го мојот“. Само заради ова Смит решава да учествува во Луѓе во црно. За Матрикс никој не му се јавува, па Смит се зафаќа да го снима Див, див Запад.

Брегзит им ги попука шавовите на Англичаните

Уште една од неброените дебати околу брегзит на британските телевизии, со таа разлика што овој пат една од анти-брегзит активистките (инаку академик на Кембриџ, а и феминистка) решава на дебата да дојде топлес, за луѓе да почнат да обрнуваат внимание на она што го зборува. Жената добива поддршка.

Како да се ослободи со помош на кондом?

Што ве знаеме што за Валентајн сте добиле од вашата драга. Затоа, може ќе ви притреба ова упатство.