Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Исландската тинејџ револуција

Во 1998 година, 42% од младите во Исланд, на возраст од 15-16 години, признале дека се опиваат. Денес такви има само 5%. Во прилогот се наведуваат пет клучни точки со кои земјата го прави овој пресврт. Ние не сме подготвени ни за една од тие.  

Никогаш не е доцна

Воен ветеран од Втората светска војна се среќава со својата младешка љубов од Франција. 75 години ништо не им можат на љубовта и спомените.

Ако мајке, барем е убава

Сцена од англо-саксонска верзија на оној телевизиски мрак кој се вика „Брак на невидено“. Тој ѝ кажува дека е астрофизичар, таа му одговара дека е.- близнаци. Не е до народот, до франшизата е.

Бескрајниот шарм на нона Паола

Ви обравме неколку видеа за сами да се уверите каков смех и весеља е да се има крај себе оваа ведра и лесно запаллива бабичка. Ја снима синот и многу се сакаат. Тој ја зафркава, таа го вика дикхед. Едно време ќе почне да го вика шитхед пошто чула дека дикхед е срамен збор.

Следна телефонска фаза: Шева

Додека некој упорно зборува со погрешен човек, Шева сзборува со вистнискиот, само што не му е најјасно преку што. Погледнете како тоа изгледа кога ќе се биде ослободен од сите овоземни протоколи за комуникација.

Песната за лавот

Апла е јасно дека муабетот не е автентичен но е сосема ок драматизација на добра финта. Онаа со песната за лавот од Индија. Кој не јас знае фората, бујрум.

Политичар на висина на задачата

Го знаете она чувство кога слушате политичар во телевизиска емисија, дека без оглед на сè околу него, тој ќе си го вергла она што го наумил и научил? Е па, Иван Шукер, хрватски екс министер за финансии. 

Рамбо: Ода на евроинтеграциите

Не само што тематски сме заинтересирани за оваа нова песна на Рамбо Амадеус туку истата е од албумот „Бродот на будалите“ што нè прави уште поподобна публика за неа.

Вести од иднината

Сегашноста сакаше да нè потсети на еден од нашите омилени телефонски моменти од минатото. Затоа, одиме во иднината.

Твое десно

Видео снимка од лице в лице ситуација со возрасен машки лав. Со сигурност оваа фаца на лавот значи: Можеби треба да престанеш да зјапаш во мене и да погледнеш десно.

Мајка, од длабочините на болеста

На возрасна жена во длабок Алцхајмер, само на момент ѝ се враќа бистрината на умот. Доволно за да ја препознае ќерка си која ја храни. Доволно за да ѝ го каже најважното што го има во себе. Дека ја сака.

Волво и после него

Кога во 50-тите години Волво го измислија автомобилскиот безбедносен појас „на три точки“ кој се користи и денес, патентот го прогласија за слободен за да можат да го користат и нивните конкуренти и да се спасат колку што може повеќе животи. Од тогаш. најголемиот напредок на ова поле можете да го сретнете во некоји скопски таксија.

Симпсонови, руска варијанта

Аниматорот Ленивко Квадријатиќ ја реконструира познатата најавна шпица на легендарната американска серија во сосема друг контекст. Руска пост-чернобилска дистопија, со Бреговиќ за музика. Би било тоа добро за гледање.

Блазе си им, бе

Некои од нас кубурат со време. Некои кубурат со тоа што попрво да направат кога имаат време. Има и трети кои го немаат ни првиот ни вториот проблем. Само да ја видите „идејата“ и колку тоа учесници успеала да „ангажира“.

Витештво кое преживеало

Тепачка за територија меѓу две мечки, и тоа жестока, каква што и само може да биде меѓу два вакви капиталци. Но, пазете, нема тука желба да се уништи и дотолчи противникот, да се згази и да не му текне да стане, како што има во оние човечки тепачи во кафези, како на избори или на политички ТВ дебати. Просто, одмерување на силите. Некој ќе се повлече и тоа е тоа. Има човекот уште многу да учи од „дивите“ ѕверови.

На точак, на карамбол

Што може да појде на лошо ако 700 луѓе истовремено тргнат со точак по иста падина на француските Алпи во која се тргнува од 3.400 метри надморска височина а спустот трае 25 километри? Победник на трката „Пекол од планина“ е Килијан Брон и тоа е најмалку важната информација околу неа.

Како косата да ти добие на волумен?

Сме виделе различни начини како (непотребно) се снаоѓаат оние кои не можат да се помират со тоа дека ја губат косата. Моментално веројатно најпопуларна овде е такозваната „Бујарица“ (види Влада) а луѓе најчесто прибегнувале кон онаа „од уво до уво’ (позната и како „East Coast - West Coast“). Таа има еден голем проблем, што е 2D а не 3D. Не и кај него.

Песови кои играат мрежно

Три кучиња имаат задача да натераат 5 гуски да пројдат низ обрач па потоа под девојче кое прави мост. Како ли се постигнува ваква дресура?

За полицајци кои се палат на казнување

Цајкани многу се палат на мерење брзини. Кмишат на патишта и автопатишта, се кријат ко црни ѓаволи, казнуваат. И на овој не му е јасно што толку се палат, ама му е јасно како треба да ги угаси.

И кравата е човек

За да биде среќно, секое живо суштество има три фундаментални потреби: за храна, за вода и за гушкање.

Еден човек, едно дрво

Кога гледаш видео со испентарен човек како сече некоја гранка, одма ти е јасно дека тоа видео нема добро да заврши. И сепак го гледаш видеото. И секогаш вреди.

Садизам со комарец

Време е за мала одмазда на крвопијците. Само треба да најдете некој од оние кои ги убедиле дека не постои друг пат па упорно бодат во празно, тешејќи се дека се блиску до целта.

Има ли птица во авионот

Модерните воени авиони се едни од најмоќните чудесии на светот. Истовремено комплетно инфериорни ако се судрат со броен и надмоќен непријател - птиците.

Бразил лета поинаку

Бразилската компанија Азул решава да направи нешто во врска со дифолтно досадните видеа со инструкции за патниците за безбедно летање и однесување во авионот. Прават анимација со супер музика од различни делови на земјата и резултатот е -  да не можеш да седиш верзан за место.