И кравата е човек

За да биде среќно, секое живо суштество има три фундаментални потреби: за храна, за вода и за гушкање.

*******

Кога сме веќе на оваа тема, една стара анегдота (која нема врска со видеото):

Бранислав Нушиќ некоја жена ја нарекол крава и заради тоа стигнал на суд. Судијата му одредил парична казна која овој, нормално, ја платил. Пред сите да се разотидат од судницата, Нушиќ го прашал судијата:

-  Господине судија, а кога на крава би ѝ рекол дека е госпоѓа, дали и тогаш би бил казнет?

Одговорот бил очекуван:

- Се разбира дека не би биле казнет во таков слујчај.

Нушиќ се свртел кон оштетената заради која се нашол на суд и учтиво ја отпоздравил:

- Пријатно, госпоѓо.

2 јули 2019 - 10:27