Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Кинезите СТВАРНО изградија болница за 10 дена

Планот за болницата специјализирана за третман на оболени од коронавирусот (1.000 легла и 1.400 лица медицински персонал) бил направен за пет часа а драфтот на дизајнот за 24 часа. Потоа Кинезите се фатија за работа. Илјадници работници, 800 парчиња тешка механизација, 24 часа на ден. Отворањето на болницата е закажано за 5-ти февруари.

Деми Ловато и сонот за химната

Точно пред една деценија Деми Ловато си ја кажа желбата, решеноста и заветот - дека еден ден има да ја испее националната химна на Супербол па мајка јана. После 10 години реализира перфектно: го отвори Супербол 2020 пеејќи чисто, моќно и самоуверено, патем знаејќи го целиот текст. 

Шакира и Џенифер Лопез беа тачдаун

После полувремињата на бледиот Тимберлејк и очајните Марун Фајв, откако на Супербол 2020 ќе ги одгледа Шакира и особено Џенифер Лопез, двете енергетски бомби кои кријат латино „чардаш во тие убави нозе“, човек може само да каже -  женско си е женско.

Кучешки муабети

Колку и време да помине, ова видевце не старее. Таква персоналност му е дадена на песот што и големи студија можат да позавидат.

Тарковски до младите: Научете се да бидете сами со себе

Постои суштинска разлика меѓу осаменост и еден здрав офф. Да се биде сам со себе а тоа да не ти е досадно (бидејќи само празните и досадни луѓе се досадуваат кога се сами). Како дидактичка подготовка за оваа вежба, да се обидеме да ја прочитаме целата порака на Андреј Тарковски без да помислиме дали имаме нови лајкови или нотификации.

Имаме пријава за силување

Дечкото ќе ви покаже како е да си црнец а комшика да ти е стара бела жена со слаб вид. А тој ѝ се појави на радар, а таа почнува да вреска дека некој ќе ја силува.

Како тргнало, музиката ќе заврши вака некако

Некоја од оние снегулки кои помпезно се нарекуваат Social Justice Warriors (при што главна воена тактика им е да го дрват за сенешто) прекинува концерт за да му каже на бендот дека она што го прават е „културна апропријација“ тоест недозволиво (?!) преземање елементи од друга културa, на пример дека Мајли Сајрус не смее да тверка пошто е тоа дел од културата на црнечките задници. А и тој клипанот е некој ко неа па фатија да се расправаат на долго и широко. Тие што биле дојдени за музика, нека си свиркаат. 

Ете така

Секој што во животот пробувал да се објаснува со локални власти, бирократчиња и процедурички, знае дека некогаш ова е единствениот начин за да те слушнат што имаш да им кажеш. 

Зошто на стендап не се оди фамилијарно

Френки Бојл пикираше едно семејство од првиот ред и брутално ги подбра. Да беа наши, ќе станеа и ќе го затепаа.

Бабо, запри малку, аман

Британка, постара, фатила дечко Египќанец, помлад, па ја викнале на утринска програма малку да позбори за врската. А бабата збори, не застанува.

Саундгарден во продавници за плочи

Рокерите обично се како оние гусани тавчиња. Kолку повеќе километража имаат зад себе, толку подобро изгледаат (со исклучоци како Аксл Роуз или Дејвид Ковердејл кои изгледаат како овенати лезбејки). Сепак, убаво е човек да се потсети дека и најлутите рок вокали како покоен Крис Корнел некогаш биле млади, мазни и малку нервозни на сцена. Получасовна свирка на Саундгарден во продавница за плочи во 1989 ходина.  

Домаќинке, добри гости ти дојдоа

Порториканците деновиве дознаа дека гувернерката на нивната држава, Ванда Ваксез Гарсед, учествувала во проневера на странската помош за земјата, па илјадници од нив решија да ја посетат нејзината државничка палата. За да не одат со празни раце, со себе земале вистинска, во полна големина - гилотина. Ете така, па Ванда нека ја толкува симболиката. 

Комшиска корпа за Конан

Конан му тера на Лари Дејвид од оние муабети дека долго време се комшии и дека не е убаво да не се познаваат подобро. Овој му враќа: таман сме, јас немам никаква желба да те запознам.

Meшап на денот

Филозофијата на последниот Мед Макс (Mad Fury) објаснета од Џорџ Карлин.

Три фори за Гугл мапс

Како да направиш Гугл мапс без предрасуди да ти памти каде ти е паркирана колата, како да им покажеш на сите каде си и како да скриеш каде си.

Луѓе, јас се одјавувам

Видете го вие овој несреќен лепотан. И запамтете дека и со мали скокови, човек може многу, многу да се урниса. 

Да го чуете и видите Адриано Челентано на 82 години

Роден е пред почетокот на Втората светска војна, во 1938 година. 55 години е во брак со Клаудија Мори, имаат три деца. Изгледа и звучи овака:

Зошто жените живеат подолго од мажите?

Таа ќе рече: „Живееме подолго затоа што, на крајот на краиштата, сме посилни и посреќни од повеќето мажи.“ Тој ќе рече:

Во Кина вирусот те претвора во Папа

Во деновите кога целиот свет стравува од можна епидемија на корона вирусот кој се појави во Кина, на аеродромот во Шангај наоѓаат човек со јака треска. Решаваат да го транспортираат до надлежна установа со геслото „што е сигурно, сигурно е.“

Филхармониска тензија и велемајсторство

Пијанистка излегува на сцена и дури таму сфаќа дека цело време се подготвувала за погрешен настап. Како и да е, на нејзе ѝ доаѓа редот. Сè што ќе отсвири го прави од сеќавање, и го прави без ниту една грешка.

Дали Салвадор му е лут на Пикасо Пабло?

Како и за Битлси и Стоунси и многу други такви случаи, медиумите отсекогаш сакале да го пумпаат ривалитетот меѓу познатите лица и ако нема, тогаш вештачки да создаваат тензии меѓу нив. Салвадор Дали одговара за „непријателството “со Пикасо.

Шамари за етика

Заради безбројни инциденти во минатото, метрото во Њу Делхи веќе подолго време има вагони во кои смеат да се возат само жени. Без разлика колку време е на сила ова правило, мажи упорно се возат со вагоните за жени. Индиската полиција секогаш кога може се труди ова да го корегира, со шамари и заушки.

Рик Џејмс во одбрана на својот задник

Рик Џејмс во ТВ судница тужи бивш пријател дека му должи гитара и појачало. И онда ничим изазван, во приказната додава дека овој го има фаќано за гз пошто е геј, што авторот на „Супер фрик“ го опишува со зборовите „дечкото има малку шеќер во резервоарот.“

Глуво доба

Сакаме да ви го покажеме комплетниот список на домашни рок и поп албуми објавени во некогашна Југославија во 1986 година. Не само што тука ги има Леб и сол, Дугме, Дисциплина. Екатерина... туку списокот брои 88 ставки. Аха, осумдесет и осум рок и поп албуми објавени во само една година. Ах, таа темница на народите....