Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Куќи за нервирање на комшијата

Ехеј, го има ова и кај нас! Ги викаат „spite houses“ — куќи или објекти изградени намерно како одмазда на соседи, роднини или градски власти. Најчесто се градат поради спорови за земја, наследство, реметење на погледот и слично. И кога омразата ќе заврши и луѓето ќе починат, објектите остануваат како споменици за тоа за какви ситници луѓе знаат да се закрват. 

Зошто Запад не сакаше да го слушне ова?

Уште во 2015 година, еден од највлијателните американски политолози ја опиша иднината на погубната западна политика со Украина. „Ги убедуваме дека ќе бидат дел од нас, ги охрабруваме да играат тврдо со Русија, и тие тоа го прават. Ако продолжат по тој пат, земјата ќе им биде здробена“, рече Џон Мершајмер пред 7 години.

Киевјани се вооружуваат за судир со руската армија

Во обид да го спречат падот на престолнината на Украина, безбедносните власти утрово ги повикаа граѓаните на Киев со Молотови коктели да им се спротивстават на руските сили. Веќе на пладне властите почнаа да делат воено оружје на секој што сака да земе и да се бори за одбрана на Киев. Киевјани го прифатија повикот.

Емпатија за Украина на американски начин

Женскиот панел од долговечното ток-шоу „The View“ залелека над ситуацијата во Украина. Сани (Хостин) проговори за бегалскиот бран кој може да има опфати пет милиони луѓе, но таа бегалска мака брутално ја конкретизираше колешката Џој Бехар. На своја кожа!

Стреляте, люди, стреляте

Еден од стотиците клипови што се појавија утрово од инвазијата на Украина. Овој би требало да е во близина на Харков, каде руските војници се или влезени или само што не влегле, а во него Украинка со кола застаната на некои си сто метри од куп руски тенкови кои пред нејзини очи се гранатирани од украинската армија. Може до утрово да не знаела за кого навива, сега сè и јасно „стреляте, люди, стреляте“.

Ако може Европа да слуша, зборува Кенија

Од седницата на Советот за безбедност на О.Н. околу Русија и Украина, главно нешто што се запамти е говорот на кенискиот дипломат Мартин Кимани, кој почна со: „Вие ни ги нацртавте границите и нè поделивте без никаков обѕир за античките народи што живеат таму“, а заврши со кениската лекција за границите и поделените народи.

Првиот руски шпион се укочи пред Путин

Тазе состанок на рускиот совет за национална безбедност. Путин го прозива Сергеј Нарушкин, шефот на руското разузнавање, да се произнесе за ситуацијата со проблематичните делови на Украина и новонастанатата ситуација. Нарушкин доживува класичен „што сум дигал рука у вторник“ момент.

Баба како знае да те закопа, ни поп не може

Во некоја поетаблирана средина како Гранд и слични кога не те бива ќе ти го галат егото со детали од типот гласот горе, па долу, па оди повежбај, па имаш / немаш трилер и сè што треба само за да не те обескуражат во кариерата што сакаш да ја тераш. Кај баба дома нема вакво тинтрање.

Репортерот на инвазијата

Се вика Филип Краутер и цело ова време е сместен во Киев од каде апдејтува околку случувањата на тема Украина и Русија. И тоа не е нешто посебно и веројатно го прават уште десетици новинари. Разликата е што Краутер тоа го прави за 6 различни медиуми, од 6 различни држави на 6 различни јазици.

Технички и ова е безготовински шопинг

Се работи за прастара технологија за купување без готовина, која одлично функционира со векови, се до моментот кога ќе те фатат и од тогаш почнува сè да се комплицира и да имаш многу за враќање.

Ги пуштиле лисиците да ги чуваат пилињата

Од глобалната офанзива за бришење на биологијата и бескрајно мултиплицирање на родоовите идентитети, копи-пејст приказна на онаа од скопскиот извиднички секс камп (до каде е таа истрага, м?).

Кога ќе претераш со Џордан Питерсон

Технички, не се тоа напрефинетите имитатори кои сте ги виделе, ама овие двајца дебили генијално ги кинат манирите на Питерсон и доловуваат како изгледа муабет на луѓе кои малку претерале со гледање клипови од канадскиот клинички психолог кој им е ноќна мора на разбудените.

Сè Заев до Заев

Како Запад стално копа вакви свои миленици, не е нормално. Да ја слушнеме големата либерална надеж на Унгарија, Петер Марки-Зај, протеже на Брисел, Гардијан, БиБиСи, Сиенен... кој на комеморација на настана во Првата светска војна реши да проговори за Америка и - Мајкл Џексон.

Родители пред наплив на прогресивност

Расисти има и расизам се случува, ама на владино ниво и во медиуми, меѓу луѓето нема расизам, има само приказни за расизам, ќе објасни еден жител и родител од Северна Каролина, на собир на родители посветен на воведувањето на Критичка расна теорија во училишта, а ќе објасни и нешто за самата Критичка расна теорија.

Тајланд превара ти ќе бидеш

Најрегуларен бар, најрегуларни туристи веќе некое време заседнати и најрегуларно (лајт) запиени. Во таква ситуација на никој нема што да му е сомнително што келнерка дошла да ја наплати турата, сосе бакшиш.

Питерсон направи песна за Трудо

Да, текстот е на Џордан Питерсон, музиката негова и на уште еден автор, а ја пее тој и пријатели. Посветена е на канадскиот премиер Џастин - од умот се подизгубив - Трудо и се вика: Разбуди се! Како што вели еден наш читател, вака требаше да звучи Пинк Флојд во 2022 година.  

Бразил има олимписка екипа во боб санка

Може и кај нив се побудуваат исти чувства кога ќе кога ќе разберат дека ние имаме фудбалска лига.

Кога ќе ја откриеш тајната на татко ти

Тинејџер нашол песна која татко му ја напишал и снимил пред 43 години, но никогаш не ја објавил. Ја пушта во кола, снима видео и го закачува на ТикТок. Бам - милионски прегледи! Ене ги сега кај Кимел и други медиуми -ѕвезди и двајцата! А опако добро фанкче. 

Може ковид не е од лилјак, може е од коливе

Кога ќе ја видиш „пред“ состојбата ќе ти стане јасно каков подвиг прават дечкиве што ги чистат коливе, па по некое време ќе ти стане полесно да поверуваш дека некој може да ја исчисти колава, отколку дека некој може вака да ја изгнаси.

Рамбо понуди фронт за војна меѓу Америка и Русија

Со оглед на тензиите околу Украина кои можат да го запалат целиот континент, Рамбо Амадеус на Америка и Русија им посочи идеално место на кое можат да си ги одмерат силите.

Во Бразил апокалиптично

Над 90 луѓе загинаа во поплавите и лавините кал кои по масовните врнежи започнаа на ридовите над бразилскиот град Петрополис. Поплавата со себе носела сè од луѓе и возила, до цели куќи. Се очекува дека бројот на загинати ќе продолжи да расте.

 

Да не биде џабе искачањето

Изгледа има луѓе кои не сакаат да излезат и тоа да помине туку-така, без спомени. Па по секоја цена смислуваат нешто по кое ќе го паметат тоа искачање. На пример:

Поздрави од срцето на енергетските промени

Ан Катрин од Хамбург си купила нов електричен автомобил. Ископувачите на кобалт потребен за батерии од Конго, не може да се изнарадуваат. Опасно добра сатира за опачината на прогресот.

Надлежните се спремни за гулаг

Како шо пишавме, на Канада ѝ прегореа демократските кочници па потегна брутали мерки од типот  банка да може да ти ги смрзне парите без судски налог ако надлежните се посомневаат дека имаш врска со бунтот кој го започнаа камионџиите. Но, тоа не е сè. Да видите какви сè приватни податоци се кријат зад канадскиот QR.

Бугаријо, ѕирни ја Германија

Во дипломатската гужва што деновиве се случува во Москва, во Кремљ се појави и германскиот канцелар Олаф Шолц. Пред да се види со Путин, Шолц прво реши да се поклони и да оддаде почит пред симболот на една од најголемите руски и германски болки - Могила на непознатиот војник, посветен на сите советски војници загинати во Втората светска војна.