Сè Заев до Заев

Како Запад стално копа вакви свои миленици, не е нормално. Да ја слушнеме големата либерална надеж на Унгарија, Петер Марки-Зај, протеже на Брисел, Гардијан, БиБиСи, Сиенен... кој на комеморација на настана во Првата светска војна реши да проговори за Америка и - Мајкл Џексон.

„...често се вели дека во Америка сè е можно. Секој може да стане што сака. Пример за ова е Мајкл Џексон. Тој се роди како сиромашно црно дете, а умре како богата бела жена“

Во Унгарија на почетокот на април ќе има парламентарни избори. Контра Орбан и неговата партија ќе настапи здружена опиозиција во која има сешто: комунисти, либерали, а богами и овие подолу, антисемитите Јобик кои во последно време се ребрендираат како демократи.

 

 

21 февруари 2022 - 15:31