Киевјани се вооружуваат за судир со руската армија

Во обид да го спречат падот на престолнината на Украина, безбедносните власти утрово ги повикаа граѓаните на Киев со Молотови коктели да им се спротивстават на руските сили. Веќе на пладне властите почнаа да делат воено оружје на секој што сака да земе и да се бори за одбрана на Киев. Киевјани го прифатија повикот.

Заради опасноста од руската војска, Зеленски утрово прогласи и општа мобилизација. Претходно имаше повеќе извештаи за пукотници во и околу предградијата на Киев.

25 февруари 2022 - 12:58