Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Куќи за нервирање на комшијата

Ехеј, го има ова и кај нас! Ги викаат „spite houses“ — куќи или објекти изградени намерно како одмазда на соседи, роднини или градски власти. Најчесто се градат поради спорови за земја, наследство, реметење на погледот и слично. И кога омразата ќе заврши и луѓето ќе починат, објектите остануваат како споменици за тоа за какви ситници луѓе знаат да се закрват. 

Кој вика дека нема решение за диво паркирани коли?

Има и тоа како, само треба да се сака да се реши, а кога не се сака тоа системски, тогаш следуваат овие „направи сам“ решенија на база на висок притисок и нервоза.

Како умираат местенките

Израел Адесанја е еден од најтврдите борци во УФЦ. Роден е во Нигерија, а професионалната боречка кариера ја почнува во Кина и Австралија пред да се префрли во УФЦ. Во УФЦ, има 23 борби, од кои 22 победи и еден пораз (кога реши да крене категорија и од средна да мине во лајт супертешка, околу 10 кг. разлика). Каков што му е уделот во ринг, таков му е и на прес-конференции. Пред последната борба Адесанја, неповикан, реши да каже два збора за Роган.

Не ви се само вам смачени флаерите од супермаркети

Ај некако да го објасниш поривот што го имаат да трупат недолжни сандачиња со флаери затоа што народ обожава кога му ги туткаш сметките и поштата, ама некој нека објасни зошто на зграда што очигледно има само 10 станови би и требал топ со 80 флаери? Мада, има герила решение и за тоа.

Свету, прилагоди се на мене

Почнува со „Мамо, мамо, учителката не ме сака.“ Завршува така што ќе биде во публика на стенд-ап комедија, ќе стане и ќе му каже на комичарот што не е за смеење. Одлична опсервација на дечкото.

Жена од Султана, Сао Паоло

Да испереме малку уши од неодамнешниот пример со нашата градинка во која им била пуштана наведената песна (па луѓе се поделија па се заклаа по Фејсбуци). Или да одмориме од сапуницата во која ги малтретираат да кажуваат што за нив значи членството во НАТО. Дечурланци ја изведуваат Sweet Child Of Mine, со пеење и тропање во вангли.

„Don't Look Up“ на своја кожа

Видовме како е тоа на филм кога комета ќе тргне накај нашата планета. Но како е тоа да се доживее „во живо“? Сериозно организиран и одлично изведен пренк во кој жртвите одеднаш се наоѓаат во исто таква ситуација.

Почина Нобеловецот кој штрчеше во време на ковид

Почина Лук Монтање, францускиот нобеловец заслужен за откривање на вирусот на ХИВ кој за време на пандемијата одеднаш стана „контроверзен“ затоа што беше прв кој се осмели да се посомнева во природното потекло на коронавирусот (заради поседување елементи на ХИВ и маларија). Но барем доживеа да види како неговата богохулна идеја срамежливо бива рехабилитирана.

Зошто од прогнозите за војната во Украина најважна е временската

Ростов е еден од руските градови во близина на границата со Украина, па руската армија реши таму да повежба малку со тенкови заради одржување кондиција. Од сите типови тенкови што беа распоредени на боиштето на крај МВП на вежбите беше - багер.

Шабан и Чорба, препакувани

Едниот правец е песна на Шабан отпеана од Рибља Чорба, другиот е Чорба отпеана од Шабан. И двете одлично функционираат, како така да биле замислени од почеток.

Колку сериозно ја сфаќаш пандемијата од 0 до Кина?

Пред некое време Кинезите спроведоа инстант-карантин и ги затворија во супермаркет сите потрошувачи што се најдоа таму откако еден од нив излезе дека е позитивен на тест. Во исто време дел од тамошните жители преземаат инвентивни мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Во одбрана на Апу

Аргументот против Апу го слушаме веќе неколку години и на крај заврши со бришење на индискиот лик од Симпсонови (за сега). Аргументот за Апу е дека тој всушност е позитивно претставување на индиските мигранти во САД и еден од ликовите кои имаат најпозитивен раст во серијата.

Унгарскиот аргумент за гранични ѕидови

По бегалската кризата што и се случуваше на Полска на границата со Белорусија земјата по многу кошкање со ЕУ сепак се фати за работа, извади машинерија и почна да копа и да го поставува ѕидот на границата. Меѓу главните аргументи за ова е еден унгарски графикон.

Семеен хепиенд на калифорниски начин

Им кажал на родителите дека во последно време по малку е романтично заинтересиран за девојки. Овие се шокирале од тоа пошто во последните години тој бил геј, па нон-бајнари, па транс... Спомнале затруднување ама тек тука се закомплицирале работите (ќе чуете!), за на крај старите да се помират со онаа најбејзик желба: „Абе сине, да имаш еден кров над глава...“  

Ќе станеш Мел Гибсон за да се дрвиш со вакви

Превозбуден Мексиканец го начекува Мел Гибсон како си пумпа гума на бензиска. „Зошто си сам?“ Гибсон му вика: „Не знам, зошто си ти сам?“ “Затоа што не сум познат“, одговара глупиот па вика дека има среќа што налетал на таков човек. „Не знам баш тоа, што ако те опљачкам?“ Нормално, клипанот се смее и на тоа.  Фанови се глупи луѓе, генерално.

Дизни за нови генерации снегулки

Каналот Дизни јуниор има нова серија кратки анимирани филмчиња "Rise Up, Sing Out" со која „се праќаат оптимистички и позитивни пораки за расите, културата и славењето различности“. Во оваа епизода, Дизни се зафаќа со детската тема - микро-агресијата.

Скопје 1973, ништо не било подобро, а некако сè било подобро

73-та е годината кога Скопје го добива Градскиот трговски центар. По неколку месеци работа Радио-телевизија Скопје оди да поразговара со вработените во трговскиот, и што им оставило најголем позитивен и негативен впечаток во годината.

Предзнаци на станбената апокалипса

Кажи дека балонот на пазарот на станови е пред пукање, без да кажеш дека балонот на пазарот на станови е пред пукање. На страна скопските примери каде инвеститори се однесуваат како да е нормално кога ќе ти кажат 2.200 евра квадрат, еден пример со кирија од 105 евра за стан од 10 м2, и тоа не е ни најлошото.

ЦСИ Бакингем

Мала показна вежба за тоа колку треба да се внимава какви податоци се споделуваат, макар се  работело само за обична фотографија од себе. Тоа важи дури и ако сте кралицата Елизабета.  

Фам фатал

За светот да те гледа како што ти сакаш да те гледа, треба да ја проектираш таа слика од себе. Првиот чекор е да имаш самодоверба. Ако сакаш да те гледаат како секси, тогаш прво треба да веруваш дека си секси. Оваа девојка нема проблем со тоа. Таа си има проблем со друго.

Фото апдејт на историја

Хидрели Диао е бразилски уметник со експертиза за креирање фотореалистични ликови од слики или цртежи со помош на вештачка интелигенција. Пример почнува со слика од Александар Македонски или Цезар или Џорџ Вашингтон, и ја апдејтува и транспортира во 2020-те.

Вадење џ(игер) заради н(игер)

Како претекс на Спотифај пургаториумот во кој беа отстранети 70-тина епизоди од подкастот на Џо Роган, некој имаше спремено компилација од сите моменти кога таму излетал неубавиот збор нигер (нашки: педер, шиптар, каур). Роган рече дека така собрано на куп, и нему му звучи тоа грдо па се извини. Неговите фанови реагираа поинаку.

Како растеше Кина

Четири ефектни, самодоволни и „say no more“ прикази за тоа како и колку трговски партнери имале големите екононски сили во светов во 1990, 2000, 2010 и 2020 година. Кинезот богами поштено тоа го има одработено. Ах, како што и Македонија во истите тие децении поштено имаше одработено 144 земји да нè признаат под нашето име, додека не дојдоа оние ајвани кои го шитнаа.

Збогум сиромаштијо

Да споделиме со вас едно видео кое штотуку му го пративме на човекот кој ни пиша дека извесен Емил Мацановски (бог да го прости) оставил 5,5 милиони долари во една од водечките банки во Того (Того, бе!) и дека малку треба за да лапнеме 40% од парите.

Обединување на едно корејско семејство... во играчница

Некогашните трогателни сцени на обединување на разделени семејства од Јужна и Северна Кореја, сега се заменети со сцени, кои ќе видите колку никого не потресуваат, од родители што си ги наоѓаат своите деца изгбуени пред монитор во некоја локална играчница.