ЦСИ Бакингем

Мала показна вежба за тоа колку треба да се внимава какви податоци се споделуваат, макар се  работело само за обична фотографија од себе. Тоа важи дури и ако сте кралицата Елизабета.  

Кралското семејство ја објави оваа фотографија од кралицата Елизабета по повод 70 годишнината од нејзиното седнување на престолот.

Да ја свртиме сликата и да видиме како изгледа горниот лист хартија на масата пред неа.

Еден клик на „Perspective Warp“ на Фотошоп и се добива пристојна форма.

Бидејќи нè занима текстот, можеме да се ослободиме од боите. Се фокусираме на текстот на левата страна.

Да, не изгледа сјајно. Но, бидејќи ова не е „24“ па магично да изостриш слика туку истрагата се прави на обичен лаптот, останува да се потпреме на идејата деја буквите не се ништо друго освен модели од пиксели. Оптичко препознавање карактери, се вика операцијата.

Без понатамошно одложување, го имаме резултатот (со 99.3% прецизност по буква), по што јасно се обелоденува текстот на документот изваден пред Кралицата.

* извор

 

7 февруари 2022 - 13:16