Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Обединување на едно корејско семејство... во играчница

Некогашните трогателни сцени на обединување на разделени семејства од Јужна и Северна Кореја, сега се заменети со сцени, кои ќе видите колку никого не потресуваат, од родители што си ги наоѓаат своите деца изгбуени пред монитор во некоја локална играчница.

Девојка, комарџика, шампион

Предизвикот од девојкава за цела маса момци е партија „камен, лист, ножици“. Тие се четворица, таа е една, ако кој било од нив ја победи таа ги части сите тура пијачки. Наспроти целата математичка веројатност, таа победува и победува.

Над облаците

Господо политичари, медиумски ѕвезди, инфлуенсери и тајкуни, човек овде лесно знае да помисли дека живее над другите, негде таму горе, над облаците. Немојте така, колку и под вас да не се гледа калта на секојдневеито на другите. Не секогаш се паѓа на меко. 

Земјата во која пари се наоѓаат на улица

Добра вест е оваа земја навистина постои. Лоша вест е што тоа Венецуела, каде после економскиот крах еден американски долар официјално се менува за 450.000 боливари, и тоа ова е добриот курс во однос на пред неколку месеци.

Златен скопски хаос

Од рубриката „размазени сте затоа што немате видено полошо“, сообраќајот во Виетнам од птичја перспектива. Не дај Боже да да дојде време ние вака да се разбираме во сообраќај, ќе треба НАТО да интервенира на секоја една раскрсница низ градов.

На Пекинг 2022 новинарите ќе ги хранат роботи

За да се намали човечкиот контакт (како и сите опасности кои изминативе две години разбравме дека доаѓаат со него) и да се влее уште малку страв до каде е стигната Кина со роботиката, мензата на главниот медиумски центар на Зимската Олимпијада ќе биде опслужена од роботи готвачи и роботи келнери.

Кој си ти во распетието на Исус?

Не може да се напише потрагична приказна од тоа, вели Џордан Питерсон, и секој може да се побара во неа. Дали си жената која има храброст да го пушти своето чедо во ваков свет, дали си оној кој го издава својот најдобар другар, криминалец ли си, благодарен што те пуштиле од затвор, или си дел од толпата која каменува невин човек затоа што Империјата мора да е во право?

Си биле две сестри, либералки

Не знаеме дали во случајов круша под круша паднала, ама јасно е дека едната круша паднала веднаш до другата. Можат да се сретнат по мрежи како либерални активистки полни со прогресивни хаштагови, а во реалноста тоа изгледа вака.

Што им порача Бајден на Албанците?

Вашите лидери го имаат секое право да бараат одмазда и да ги пуштат кучињата на војната.... А ние да го бомбардираме Белград... И да ја окупираме Србија како Јапонија и Германија после војната! Да излезат српските војници и да се вратат Албанците на Косово заедно со НАТО сили? Тоа не ми е доволно! Џо Бајден, миротворец во континуитет.

Спиеш ли мирно, Френсисе Бејконе?

Комуникациски упатства од воркшоп на Природниот музеј на Л.А. во кој на белите им се препорачува да бидат свесни (и да се срамат, нормално) од своите привилегии и да зборуваат со едноставен јазик (небаре обоените по дефиниција се поглупи па нема да разберат). Наведени се и карактеристики на белиот супрематизам во науката. Меѓу другите - перфекционизмот и објективноста. Шејм, шејм!

И шоферите на министри шмркаат зарем не?

Додека новиот холандски министер за здравство излегува на бој пред камерите на тема ковид и слично, во позадина старите логистички служби крајно професионално ги одржуваат конекциите што ги имаат.

Цвет од седум часа

Сер Дејвид Атенбороу сведочи на уште едно чудесно сложена коалиција во природата. Цвет кој цвета само ноќе, само седум часа, за само едно животно. А сепак, користа од овој соживот е обострана.

Како се трансформира сала 8 пати за 8 дена

Велс Фарго Центарот во Филаделфија е матичната сала (центар) за Филаделфија 76 (кошарка), Филаделфија Флаерс (хокеј) и Филаделфија Вингс (лакрос). Освен ова организира и еден куп други настани. Во една ситуација имаат 8 сосема различни настани закажани за организирање 8 дена по ред.

Машки маки неопеани

Дај му на маж риба и ќе го нахраниш за еден ден. Дај му на маж работа и само чекај да почне да кенка дека нешто не бива кај него на работа.

Кај да бегаме, мори Васе?

После 15 години блажена изолација од цивилизацијата, човек се враќа во општество во кое луѓе се кодошат едни со други преку мобилни телефони (државата наградува за тоа), забранети се цигари, алкохол и пцуење и речиси секаде има камери. „За ваше добро“, како што тоа обично се кажува. Малку „на прва топка“ раскажано, ама па не е лошо да се види.

Што велат медицинските дисиденти?

Пред Меморијалниот центар Линколн во Вашингтон се одржа „Марш против задолжителноста (на вакцините)“, зборуваа неколкумуина угледни медицински и научница авторитети од алијансата ФЛЦЦЦ (Front Line COVID-19 Critical Care Alliance) кои веќе две години се во војна со големата фармација и здравствената бирократија, првенствено околу инсистирањето на вакцини а комплетното игнорирање на лековите за кои тврдат дека се ефикасни.  

Како Бајден ја уценуваше Украина

Мало потсетување за тоа како Џо Бајден ја условуваше помошта од една милијарда долари за Украина со барање да го сменат јавниот обвинител. Инаку, Украина им е добро позната на Бајденовци, некои од нив таму на гурбет одеа.

Десерт за проверка на интелигенција

Има едно правило што вика „секој е крив за тоа што му го прават“, и за волја на вистината правилово знае да згреши, ама па знае и да погоди. Дај некако десертов масовно да се популаризира, да можеме да се преброиме кои сме и што сме.

„Don't Look Up“ во три минути

„Изгубен ли си во овој свет како и јас?“ е брилијантна црно-бела анимација на младиот Стив Катс, изведена во стилот на 1920-тите години и легендарниот Макс Флејшер (Бети Буп). За најголемиот парадокс на нашето време: никогаш не сме биле поврзани колку што сме сега, и никогаш не сме биле толку дисконектирани едни од други. Песната, нормално, на Моби.

Намаз на иранскиот претседател во Кремљ

На страна политичкиот дел од средбата, посетата на Ибрахим Раиси на Кремљ ја обележаа и една многу човечка работа, намаз сред церемонијалната сала во Кремљ.

Ете, и него го запросија

Геј двојка решава да ја апгрејдира својата врска на традиционален начин, со клекнување и нудење прстен. Видеото може да се гледа како а) мотивационо (штом него има кој да го го запроси, ќе се најде и за мене) или б) демотивационо (еј, него го запросија, ја уште ништо). За да знаете што е спорно со запросениот, пуштете звук.

Нашиот брат по математика

Треј Гауди објаснува дека ја изгубил вербата во математиката кога му рекле дека три по нула е - нула. „Како може да имаш нешто трипати а на крај да немаш ништо? Кај се изгуби тоа три? Тоа никако не ми влегуваше во глава“ се исповеда Гауди кој не треба многу да го мислите- подоцна стана федерален јавен обвинител и политичар.

Ова е земја за нас

Ако уште не сте дигнале раце да го разберете светов (топло препорачуваме), фаќајте чекор со виртуелниот универзум во кој цените на недвижнини растат побрзо од Скопје. Ќе доживееме ли кавги за дигитални меѓи?

Руски старт-ап на денот

Ако многу се потрудиме да го ставиме во некои легални рамки, овој бизнис гранично би се класификувал во фелата клучари, бидејќи тоа му е основната намера - продавање на клучеви. Да ја прашаш руската полиција ќе ти каже дека овие од класификување може да се само меѓу: лесна и тешка робија.