Бугаријо, ѕирни ја Германија

Во дипломатската гужва што деновиве се случува во Москва, во Кремљ се појави и германскиот канцелар Олаф Шолц. Пред да се види со Путин, Шолц прво реши да се поклони и да оддаде почит пред симболот на една од најголемите руски и германски болки - Могила на непознатиот војник, посветен на сите советски војници загинати во Втората светска војна.

Како лидер на држава и народ кој се соочи со своите злосторства од Втората светска војна, за Шолц, неговите претходници и тие што следуваат, одамна е паднат товарот од грб да треба да цепидлачат за тоа што се случувало во секој еден ден од најкрвавиот период на Европа во минатиот век и да се кријат од фашистичките години на својата историја и своите предци.

Заради тоа и може така исправено да се чекори без надолу да те влече генерацискиот уплав од тоа дека еден ден ќе мора да си признаеш дека во клучни моменти си бил на погрешната на историјата.

Радев, Петков, па и Бојко, без многу објаснувања, повелете:

Споменик „Сила, слава и победа“

4-метарскиот споменик „Сила, слава и победа“ посветен на победата над фашизмот. Дело на Јордан Грабулоски, сместен на Кале на местото каде некогаш се наоѓал Археолошкиот музеј.


Залечувањето на минатото оди и вака: Во 1945 СССР во Берлин го гради „Советскиот воен споменик“ посветен на 80-те илјади советски војници што загинале во битките за ослободување на Берлин.


Во времето кога Советите го креваат споменикот Рајхстагот се уште е уништен и демолиран од војната:


Со кирилични букви на споменикот е испишано: „Вечна слава на хероите што паднаа во битката за слобода и независност на Советскиот Сојуз против германските фашистички освојувачи.“


Во 1990-та СССР му го предава споменикот на градот Берлин, кој од тогаш се грижи и го одржува на највисоко ниво.

Берлин е дом и на уште два советски споменици посветени на паднатите борци во Втората светска војна.

 

15 февруари 2022 - 12:12