Ема Томпсон: Знае ли некој дали средовечните жени се сексуално задоволни?

И дали некому му е гајле за тоа? За најновата улога, Ема Томпсон го истражува женското задоволство и споделува што тој процес ја има научено.

Носталгија: Италија во ‘50-те

Фотографот Паоло Ди Паоло и писателот Пјер Паоло Пасолини патувале по италијанското крајбрежје и го овековечиле идиличното лето 1959-то.

Ова е инаку пред 64 лета - го почнуваат патувањето во Вентимиља, на границата со Франција, а завршуваат во Лазарето, село во Трст. Пасолини е етаблиран интелектуалец со наслови како „Улични деца“ и „Насилен живот“, кој допрва треба да си ја започне филмската кариера, а Ди Паоло е фоторепортер за Ил Мондо, за подоцна да стане познат по интимните фотографии на италијански ѕвезди како Марчело Мастројани и Ана Мањани. Репортажата ја нарекуваат „Долгиот песочен пат“.

Враќањето на супермоделите

За септемврискиот број, Вог реши да организира камбек на најдоброто што некогаш сме го виделе од модниот свет, кога се работи за модели - Синди Крафорд, Наоми Кемпбел, Линда Еванџелиста и Кристи Тарлингтон. На Јутјуб објавија видео од снимањето за феноменот што го викаат The Return of the Supers, со атмосфера од спремањето и дискусии околу нивната оставштина во светот на модата. Да одмориме.

Зошто е Хари Стајлс во Вог, кога постои Били Портер?

На Били Портер не му се допаѓа што Хари Стајлс е на насловна на Вог, во фустани. Вика (и има право) дека му ја искористуваат заедницата, за Стајлс да добие некаков статус.

Јапонските мажи цела плата им ја даваат на сопругите

Според истражување од 2016, јапонците мажи се мачат да издржат со џепарлакот што им го даваат жените - од нивната плата.

Маж убива жена

Ако веднаш и себеси не се убие, тогаш другите мажи - полицајци - одат по него, во лов. Истите тие полицајци што не реагираат на пријави на машко насилство, или отворено им се потсмеваат на жртвите, или застануваат на страна на насилникот кога ќе излезат на терен, или и самите се насилници - они тргаат, со своето оружје, да го уапсат или да го убијат другиот маж. Луѓето им пишуваат браво полиција. Луѓето велат, браво, херои наши; жената и во својата смрт игра споредна улога.

Концептот на мрачната женственост

...И како се злоупотребува за манипулација.

Ќе го прибере ли некој девојчево во екипа?

Фустани од КЕСИ што без проблем ќе поминат на сите извикани црвени теписи.

Школување, или карти за Тејлор Свифт?

Еден фан ги продал неговите карти за концерт на Тејлор Свифт и си ги платил долговите за школување. А Американците даваат баснословни суми за школување.

Драмата околу Лизо, ама без да се мачиме

Може сте во тек, а може не - пејачката, раперка и танчерка Лизо, која важеше за боди-позитивен изведувач што на сите свои концерти не ги пушташе фановите да излезат без сто пати да им каже дека се совршени такви какви што се, доби тужба од поранешни вработени дека ги малтретирала. И бидејќи не може да се пофати крајот на драмата (читај: интересно е, ама не е толку интересно), има кој да ни ја срочи во забавно видео.

Каков проблем имаат сексуалните работници со Мета?

Политиките на Инстаграм се нејасни и отворени за толкување, баш како и законот.

Го видовте трејлерот за „Голда“?

Два збора: Хелен Мирен.

Зошто ни се чини дека цело време се преправаме?

Концептот на синдром на натрапник станува сеприсутен. Критичарите, дури и креаторите на идејата се сомневаат во неговата вредност.

Како се разговара со жени?

Спојлер: Не се вика „Ти си женско“, иако можеби тоа се мисли.

Што треба да облечеш за да не зовриеш летно време?

Главното прашање што треба да си го поставите е дали е суво или влажно времето.

Дали во иднина ќе патуваме без багаж?

Со дестинации избрани според одржливост и прогресивни тур-оператори кои ги советуваат патниците да се спакуваат лесно, можно е да не чека ултра-лајт иднина.

Барби на Балкан: Од дезинформации до југоносталгија

Уште пред премиерата во јули, филмот „Барби“ го возбуди Балканот, го растури од статии и објави, дури и лажни вести стигнаа да се протнат.

Интервјуто за работа покажува дали треба од старт да бегаш

Интервјуата се во принцип продажба - кандидатот ги продава своите вештини и таленти, работодавачот ја продава својата организација како совршено место за работа. Ама предизвикот лежи во тоа да ја откриеш културата на тоа работно место, пред да прифатиш.

Пробајте, таман е сезона на лубеници

Дечки, ако сакате да видите како им е на вашите многу бремени девојки и жени, има начин. Еве, вака е.

Луѓе раскинуваат заради „Барби“

Помина нешто повеќе од недела од премиерата на „Барби“, а социјалните мрежи се полни со приказни од жени што сериозно се замислиле за нивните врски откако го гледале филмот.

Дали ВИ-манекенки ќе ги заменат вистинските?

Модните брендови се вртат кон дигитални модели во обид да заштедат на трошоци и време, дури и полесно да дојдат до инклузивност. Што значи ова за вистинските?