Сега има луѓе што плаќаат над 600 долари за „помочани“ фармерки

По ново, модата е социјален експеримент, да се види кој е најголем идиот, друго објаснување нема.

Во ред, некои луѓе имаат премногу пари на располагање, ама не е тоа проблемот. Проблемот е што бираат да купат со тие пари.

На пример има фармерки Џорданлука, појавени прв пат во 2023 година и се продаваат со темна флека на нив што прави да изгледа како тој што ги носи да е подмочан од радост.

Не само што ако ги купиш ќе бидеш како измочан, туку треба да одвоиш 800 долари за нив, освен ако немаш „среќа“ да ги начекаш на попуст за нешто над 600 долари.

Њујорк Пост известува дека се веќе распродадени, иако има уште некој пар од посветлата варијанта (каде што флеката повеќе се познава најверојатно).

Постои и најевтина варијанта.

Да облечеш фармерки од 900 денари и да се измочаш. Ем ти модерен, ем бешиката празна, ем новчаникот полн.

Што е поглупо? Да дадеш 600-800 долари за ова, или да мочаш во гаќи? И што е следно, затоа што во тоалет не се оди само за мочање.

29 април 2024 - 00:00