Да можете да доживеете историски момент од поп-културата, кој би бил тој?

Да слушнете еден одличен аргумент за тоа зошто би било врв да може прв пат да се доживее „Психо“ и тоа токму во времето кога е излезен и ниедно друго време.

„Психо“ е шок ако не си го гледал, ама го нема истиот интензитет како шокот кога го гледале луѓето на премиера. Денес, кога сме научени на секакви приказни и секакви филмови, не можеме да го цениме на истиот начин како кутрата публика-жртва на режисерските изживувања на Хичкок, кој успеал уредно да ги заведе со елементите на кои биле навикнати, за потоа со задоволство да ги фрли во сцената со завесата за туширање.

Замислете, во тоа време луѓето се навикнати на одреден тип филмови - се следи главниот лик, се знае дека главниот лик ќе тера до крај, се знае дека нему ништо не може да му се случи.

А овде се возат на една приказна за една жена, која ја игра во тоа време недопирливата и неодолива Џенет Ли, која бесправно присвојува пари и се обидува да ги сокрие. И така до пола филм, за потоа сè што се градело до таа минута да отиде во бестрага.

Можете ли да замислите колку било тоа фрапантно и појасно ли ви е зошто имало масовна несвестица во кино?

Човекот е во право:

17 април 2024 - 00:00