Ако може кастинг-полицијата да оди во пензија, фала

Време е кастинг-директорите да престанат да ја слушаат полицијата за кастинг и да се вратат на ангажирање луѓе само затоа што ги бива за работата.

Не заради боја, припадност на која и да е заедница или нешто шесто - туку затоа што е добар актер. Затоа што, каде е крајот ако продолжиме вака?

Како што рече Хелен Мирен кога ѝ се дереа зошто прифатила да ја игра Голда Меир - каде повлекуваме линија? Дали актер-Евреин ќе смее да игра актер што не е Евреин? Гледате ли колку тоа морничаво звучи и каде тераме?

На пример, кога Џејмс Франко го ангажираа да го глуми Фидел Кастро, актерот Џон Легуизамо кој е Латиноамериканец се побуни, дека е доста со присвојување и дека треба бојкот.

„Немам јас проблем со Франко, ама не е латино!“

Нека е така, ама Легуизамо е Колумбиец-Американец, па го играше Тибалт Капулет - Венецијанец, вели Бил Маер. Не е ни Французин, ни човек со џуџест раст, па сепак играше таков во „Мулен Руж“. И на една поактуелна тема, нит е геј, нит е драг-квин, па сите го памтиме како Чичи.

18 април 2024 - 00:00