Селекцијата на Бенин патувала 23 часа до Аргентина, а во хотелот немало топла вода
5 October 2026
- Додека Аргентина се подготвува за последниот настап на Лионел Меси, во вторник на стадионот Монументал во Буенос Аирес, нивните противници се соочуваат со низа проблеми во пресрет на натпреварот.
- Мегаспорт пишува дека условите за нивното гостување се далеку од идеални. Играчите немале топла вода во хотелот, сауната била во дефект, недостасувала опрема, а фитнес салата била несоодветна за професионален тим. Покрај тоа, репрезентацијата на Бенин патувала 23 часа во економска класа, а видео-аналитичарот Жонас Биде доживеал колапс.
- Претходно и Буркина Фасо имала слични проблеми и поради низа пропусти на Аргентинската фудбалска федерација околу организацијата на патот, многу репрезентативци одбиле да патуваат и поради тоа настапиле со изменет состав составен од играчи до 23 години кој загуби 7:0.