Миовски пред Шкотска: Време е за заедништво - поддршката од публиката ни е ептен потребна!
2 October 2026
- Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација и член на шкотскиот великан Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски, побара максимална сплотеност и најави поинаков пристап пред утрешниот дуел против Шкотска во Лигата на нации од 20:45 часот.
- По воведните порази од Швајцарија и Словенија, нашиот голгетер верува дека излезот од резултатската криза лежи исклучиво во тимската игра. Свесен за притисокот по лошиот старт, Миовски потенцираше дека сега е моментот зборовите да се преточат во дела на зелениот терен.
- „Секој период во репрезентацијата носи свои предизвици. Немаме посакувани резултати како што очекувавме, но сега сме во момент кога треба да покажеме заедништво. Можеме да зборуваме многу, да кажуваме било што, но сега треба да бидеме тим и тоа на дело да го докажеме на терен“, изјави Миовски.
-
„Ние играме дома и мораме да бидеме како еден колектив, не сме селекција која може да се потпре на индивидуален квалитет. Ако бидеме колектив, ќе се вратат резултатите. Фудбалот се игра за публика, колку е пополн стадионот, толку и самодовербата е поголема. Знаеме и свесни сме дека сме во криза, затоа ги повикувам сите навивачи да ни ја дадат поддршката сега кога е најтешко.“