Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Расел Вестбрук си оди од НБА после 18 сезони и рекорд во трипл-дабл учиноци

14 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Лидерот и рекордер по број на трипл-даблови во НБА лигата, ветеранот Расел Вестбрук (37) објави дека заминува од лигата после 18 сезони. Двократниот најдобар стрелец во лигата објави на друштвените мрежи видео во кое наратор е глумецот Мајкл Б. Џордан.
  • Вестбрук беше избран како 4. пик на НБА драфтот во 2008-ма година од Сиетл Суперсоникс а дојде од УКЛА Универзитетот. Набрзо се пресели во Оклахома Сити. Ги одигра првите 11 сезони за Тандер и сочинуваше врвен тандем со Кевин Дурент со кого заедно се бореа за шампионската титула.
  • Минатата сезона ја помина во Сакраменто Кингс а играше уште и за Вашингтон Визардс, ЛА Лејкерс, ЛА Клиперс и Денвер Нагетс. Во просек постигнуваше по 20,9 поени по натпревар, со 8 асистенции и 6,9 скока и 1,6 одземени топки. Имаше просек од 43,8% прецизност од поле, 30,8% за 3 поени и 77,1% од линијата за слободни фрлања.
  • Се повлекува од НБА лигата и нејасно е дали ќе оди на друго место. Во меѓувреме имаше понуди од Евролига и од арапските земји. Се повлекува со 209 трипл-дабл учиноци пред Србинот Никола Јокиќ кој има 198.
извор

Хулиан Алварез си легнал на брашното

14 August 2026
  • Share
  • Post
  • После неколку месечни превирања со управата на Атлетико Мадрид која одбива да го продаде Аргентинецот во Барселона, Хулиан Алварез долго време одбивал да се појави на тренинг, да дојде во клупската база и се спротивставувал на стручниот штаб и управата.
  • Откако сфатил дека ниту веројатно Барселона има доволно средства да го реализира трансферот и дека Атлетико Мадрид неколку пати му укажувал на грешката на Антоан Гризман кој исто запнуваше по секоја цена да оди во Барселона и отиде, па се врати и се извинуваше, Хулиан Алварез им се исповедал на соиграчите.
  • Новинарот Мигел Мартин Талавера во емисијата „Ел Ларгуеро“ рекол дека напаѓачот „веќе не крие од своите соиграчи во соблекувална дека направил грешка како се однесувал со интересот на Барселона и дека неговата посветеност кон Атлетико е над сè“,
  • Останува да се види како ќе реагираат управата, Диего Симеоне и навивачите на Атлети.
извор

Документарецот за Дарко Панчев „Патот на Кобрата до ѕвездите“ доби нова награда

14 August 2026
  • Share
  • Post
  • Филмовите „Патот на Кобрата до ѕвездите“, во режија на Радован Максимовиќ – Макса од Белград, Србија, направен за легендарниот фудбалер Дарко Панчев, и “Булеварот на Ивица Осим“ (режисер Мухамед Бикиќ од Сараево, Босна и Херцеговина) ја добија “Гранд При“ наградата “Драган Пантелиќ – Панта“ за најдобар спортски филм на престижниот шести Меѓународен фестивал за документарни филмови, “Сити Фест 2026“.
  • Овој мошне квалитетен филмски фестивал се одржа под Покровителство на Општина Нишка Бања, од 7 до 9 август во Нишка Бања, крај Ниш, во Србија.
  • Филмот „Патот на Кобрата до ѕвездите“ е во копродукција на три врвни, повеќедецениски специјализирани спортски, медиуми од регионов – продукциската куќа “Спортнетворк НС“ од Србија која го реализираше филмот, потоа регионалната телевизија “ТВ Спорт Клуб“ од Србија и единственото (од трите специјализирани спортски радија кои беа на просторите на поранешна СФРЈ ) “Спортско радио 90,3 ФМ“ од Скопје Македонија – под генерално покровителство на “Универзитет Скопје“ на чело со Ректорот проф. д-р Г-дин Аце Миленковски.
  • Голема помош за документарецот даде и стручниот консултант, колегата спортскиот новинар, Живко Здравкоски, кој четврта деценија е спортски дописник од Македонија вклучително и за два од трите најстари активни печатени спортски весници во светот.
  • Во име на продукциската куќа “Спортнетворк НС“ од Србија, наградава “на Сити Фест 2026“, на подиумот, ја прими Г-дин Александар Станковиќ, сценарист и автор на филмов за Дарко Панчев. 
  • „Ви пренесувам поздрав од Дарко Панчев, кој е емотивно поврзан за Ниш бидејќи овде не само што сјајно играше во дресовите на Вардар и Црвена Звезда против Раднички, туку и ги мина војничките денови, така што Ниш го смета за свој втор дом“, рече, помеѓу другото, Александар Станковиќ.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Кога песна ќе погоди словенска душа

Македонштина
2

Пронајден мртов директорот на Алсат

3

Пазете ја седмицата

Балканштина
4

Ма-ке-до-нец!

Македонски рулет
5

Поранешен фудбалер на Сити и Ливерпул е нов тренер на Црвена звезда

6

Од депонијата до изворот Рашче

Македонски рулет
7

Кафаните се откажаа од млади и си се вратија на Генерација Икс

8

Јанис Варуфакис: Наследниците на Агамемнон се во Силициумската Долина

Bookbox
1

Поранешен фудбалер на Сити и Ливерпул е нов тренер на Црвена звезда

2

Младиот Хрват Батурина ја шина одбраната на Арсенал

Фудбал
3

Полиција нашла 86 кила марихуана во автобусот кој го возел Сао Пауло

4

Бурен пречек за Влаховиќ и Лукаку во Истанбул

Фудбал
5

Детали од судењето: Марадона умирал во големи маки

Фудбал
6

НБА кошаркарот кој освои титула со Џордан, се откажа од милиони и исчезнал во океан кај Тахити

Фудбал
7

Лос Анџелес Лејкерс ќе бидат продадени за 12,5 милијарди долари

Кошарка
8

Шпански олимпиец со скок на годината - пред помраченото Сонце

Разно
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Пазете ја седмицата

Македонштина

Кога песна ќе погоди словенска душа

Македонштина

Брегалница бара хакер

Балканштина

Администраторски поздрав

Македонштина

Што ли се става во оваа кошничка?

Балканштина

Детал од едно пијанство

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Крале Марко на Струшките вечери

Градоначалничка на Арачиново и љубител на ученичка

Риплај на денот

Ок, каде се?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy