Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

САД ѝ платија 1,2 милијарди долари на фирма за да НЕ гради ветерници на море

7 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Германската енергетска компанија RWE го откажа проектот за ветерни електрани на море покрај брегот на Калифорнија и Њујорк откако постигна договор со Министерството за внатрешни работи за исплата на 1,2 милијарди долари.
  • Од оваа сума, 900 милиони долари ќе бидат пренасочени во инвестиција за изградба на терминал за извоз на течен природен гас во Луизијана. 
  • „По внимателно разгледување, заклучивме дека не постои начин да добиеме дозволи за проектите за ветерници во САД во догледна иднина“, соопшти компанијата. Долгорочниот план на RWE е да инвестира 19,6 милијарди долари во енергетски проекти во САД во текот на следните шест години.
  • „Американците заслужуваат енергетски систем заснован на здрав разум, а не систем што зависи од скапи субвенции“, објави Министерот за внатрешни работи на САД, Даг Бургум.
  • Во март годинава Министерството постигна сличен договор со француската компанија TotalEnergies да пренамени инвестиција од ветерни електрани на море кон постројка за течен природен гас во Тексас и црпење нафта во Мексиканскиот Залив.
извор

Нов обид на Трамп да го ограничи правото на државјанство на САД

7 August 2026
  • Share
  • Post
  • Претседателот Доналд Трамп потпиша две извршни наредби за автоматското право на стекнување државјанство за деца родени во САД и за спречување на „породилниот туризам“.
  • Првата наредба го ограничува правото на државјанство на деца на странци само за одредени категории лица. Државјанството автоматски нема да важи за деца на родители што работат во странски амбасади или организации, или за родители за кои има основани сомневања дека го злоупотребуваат системот.
  • Врховниот суд на САД на 30 јуни ја поништи претходната извршна наредба на Трамп со која децата на илегалните имигранти и на лицата со дозвола за привремен престој се исклучуваа од правото на автоматско државјанство врз основа на местото на раѓање.
  • Втората наредба го забранува „породилниот туризам“ - честа практика на бремени жени да патуваат во САД со туристичка виза со намера таму да се породат и детето автоматски да добие американско државјанство.
  • „Некои богати лица градат бизниси врз основа на правото на државјанство по пат на раѓање. Не требаше така да функционира. Тоа е срамота. Тие си го купуваат патот внатре. Нема да дозволиме тоа да се случи, изјави Трамп.
извор

Казна од 942 милиони долари за Мета поради загрозување на здравјето на децата

7 August 2026
  • Share
  • Post
  • Судија во Њу Мексико ѝ наложи на компанијата Мета да плати 942 милиони долари, затоа што изложила деца на штетни искуства на своите платформи Фејсбук и Инстаграм.
  • Сумата вклучува казна од 375 милиони долари и уште 567 милиони долари наменети за фонд за санирање на штетата, вклучувајќи 420 милиони за лекување на деца.
  • Согласно судската одлука, Мета мора да ја зајакне проверката на возраста во Ново Мексико, да го ограничи пристапот на малолетните корисници на вкупно 90 часа месечно на Фејсбук и Инстаграм, да ги исклучи повеќето push известувања преку ноќ и за време на наставата во училиште и да го скрие бројот на „лајкови“, освен ако родител или старател не дозволи да бидат прикажани.
  • Досега највисоката парична казна за Мета во врска со безбедноста на децата е 1,57% од профитот на Мета од околу 60 милијарди долари во 2025 година. Сепак, се однесува само на една сојузна држава во САД и се толкува како сигнал дека судовите посериозно ќе ги третираат штетните последиците од социјалните мрежи врз децата.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

После посетени 43 европски града, во срцето останало Скопје

2

Златко Далиќ најде нова репрезентација

3

Не може име да биде појасно

Балканштина
4

Австрија лепи екстремистичка етикета на поло маиците

Разно
5

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Bookbox
6

Косовска Star Wars свадба

Балканштина
7

Заблуде сам ево престао да бројим

Разно
8

Ниедна ни се нема удавено

Балканштина
1

После посетени 43 европски града, во срцето останало Скопје

2

Австрија лепи екстремистичка етикета на поло маиците

Разно
3

Руски „црни вдовици“ се женат со војници заради отштета

4

Русија трајно ги задржа ограничувањата на интернетот

5

САД додаваат тактички атомски бомби во новата стратегија за Русија и Кина?

Свет
6

Колку луѓе ѝ се таман на планетата до 2200 година?

Разно
7

Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

8

Такер Карлсон објави манифест со визии за Америка

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не може име да биде појасно

Балканштина

Косовска Star Wars свадба

Балканштина

Барате графички дизајнер?

Балканштина

Ниедна ни се нема удавено

Македонштина

Автомеханичарски Мастерклас

Балканштина

Спомени од пеколот

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ќе зевнете ли?

За QAnon и нивните канони

Грчка је пруга преголема

Ем шуто ем боде

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy