Од вонредна во трајна мерка премина рускиот режим на ограничување на пристапот до мобилен интернет само на услуги одобрени од Министерство за дигитален развој. Пристапот до интернет беше ограничен како итна мерка поради заканите од дронови спроти прославата на Денот на победата на 9 мај и се уште е на сила.
Во јули, само 30,5% од корисничките сесии во централниот регион биле без ограничувања. Забраната е најстрога во регионите покрај границата со Украина. Заклучно со 31 јули, само околу 12% од сесиите во регионите Брјанск, Курск и Белгород биле без ограничувања. Во Москва пристапот е значително послободен – во јули 49% од конекциите функционирале без ограничувања, а во Санкт Петербург 43,9%.
Во ограничените зони, можен е пристап само до адреси од „белата листа“, која не е ниту унифицирана ниту е јавно достапна. Ги вклучува порталот за државни услуги Gosuslugi, владините и веб-страниците за електронско гласање, социјалната мрежа и платформата за пораки Vkontakte, услугите на Yandex, и страниците на телекомуникациските оператори.
Секој регионален оператор има посебен список на достапни сајтови. Општиот услов е да ги хостираат своите сервери во Русија и да не им дозволува на корисниците да ја кријат својата IP-адреса или да користат прокси сервери.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.