- Готово е. Сагата заврши. После неколку недели преговори и натегања, 19-годишниот фудбалер Јан Диоманде е нов фудбалер на Реал Мадрид. Доаѓа од Ред Бул Лајпциг во трансфер вреден страшни 125 милиони евра! Договорот е потпишан до 2032-ра година.
- Младиот фудбалер кој играше за Брег на Слонова Коска на штотуку завршеното Светско првенство игра како левокрилен напаѓач а добро се снаоѓа и зад напаѓачите. Тој е роден во главниот град на Брег ан Слонова Коска Абиџан. Почнал да тренира фудбал во локалниот клуб ДМЕ Академи а потоа патот го однел во шпански Легањес каде во 2025-та одиграл и 10 натпревари за првиот тим и дал два гола.
- РБ Лајпциг го откупил од Легањес за 20 милиони евра колку што била откупната клаузула во тоа време а денес го продава за 125 милиони евра!
- Диоманде се очекува да биде најголемо засилување за екипата во која останува и Бразилецот Винисиус откако денес потпиша нов договор.
- Долгогодишниот хрватски селектор Златко Далиќ е нов предводник на селекцијата на Обединети Арапски Емирати. 59-годишниот стратег летово после Светското првенство решил да земе одмор па по договор со семејството најави дека заминува од селекторското столче на Хрватска после 9 години.
- Далиќ со себе во ОАЕ ќе ги понесе и досегашните соработници од стручниот штаб: Ведран Чорлука, Дражен Ладиќ, Марјан Мрмиќ (тренер на голмани), Лука Милановиќ (кондициски тренер), Марк Рошон (аналитичар) и веројатно Даниел Субашиќ.
- Во меѓувреме старо-нов селектор на Хрватска стана Славен Билиќ.
- На вонреден состанок во Мароко, Управниот одбор на ФИФА му дал поддршка на Џани Инфантино да остане претседател на Светската фудбалска организација.
- После вревата која се крена после планот на Инфантино да го приватизира Светското првенство и да продава акции на приватни компании од САД, ФИФА заседавала во Рабат во Мароко.
- „Одадаено е признание за сјајната работа на администрациајта на ФИФА која овозможи успешна реализација на Светско првенство во фудбал 2026 година. Тој успех немаше да биде можен ако претседателот на ФИФА, генералниот секретар и администрацијата на ФИФА не настапеа единствено и работеа како тим.
- На состанокот имаше зборови и за предлогот ФФЕ, при што се признати сторените грешки. Констатирани е дека не постоела намера Советот на ФИФА и националните сојузи членки да се почуствуваат исклучени од тој процес и дека тој процес требало да се води на поинаков начин. Признаено е дека се направени грешки и откако предлогот доспеал во јавноста преку медиуите“, стои во соопштението на ФИФА која го поддржала својот претседател.