Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Гугл итно ја повлече алатката за лажни сцени од Google Earth

1 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Само еден ден по промовирањето, Гугл ја исклучи алатката со ВИ што им овозможуваше на корнисниците на Google Earth графички да ги модификуваат реалните сателитски снимки за било која локација.
  • Користењето на графичкиот модел NanoBanana 2 врз мапите беше достапно без најавување и листа на чекање. Илјадници корисници на зумирани локации по избор доцртувале кратери од бомби и нуклеарни експлозии, улични пресметки, паднати авиони..., снимки што може да се користат за ширење лажни информации.

  • Иако преработените фотографии имале дигитален жиг дека се производ на ВИ, Гугл вчера ја исклучил оваа функција за да не се злоупотребува. Наспроти заштитата, некои снимки биле оценети како „веродостојни“ на проверките низ машините кои препознаваат материјали генерирани со ВИ.

  • „Свесни сме дека луѓето имаат посебна доверба во Google Earth кога станува збор за сигурен приказ на светот. Професионалци од областа на геопросторните податоци ја користеа оваа функција за низа корисни цели, но забележавме и дека луѓето споделуваат слики од екранот со генерирани прикази кои, навидум, ги прекршуваат нашите правила. Затоа, ја повлекуваме оваа функција од Google Earth додека работиме на воведување построги заштитни механизми“, објави компанијата.
извор

Загина Нирмал Пурџа, Мајкл Џордан во алпинизмот

1 August 2026
  • Share
  • Post
  • Во лавина во планините на Пакистан загина 43 годишниот Нирмал - Нимс - Пурџа, апсолутна легенда во светот на алпинизмот.
  • Роден е во Непал, подоцна стана офицер во британската војска и припадник на морнаричките специјалци.
  • Стана светски познат после документарецот на Нетфликс од 2021 година „14 врвови: Ништо не е невозможно“ во кое беше документиран неговиот фасцинантен потфат - за само 6 месеци искачи 14 планински врвови повисоки од 8.000 метри.
  • На претходниот рекордер (Ким Чанг-хо од Јужна Кореја) за тоа му беа потребни 7 години и 10 месеци.
  • Муабетот ни е - а Горан Баре е уште жив.

извор

Трамп за две години се збогатил повеќе отколку за претходните 60

1 August 2026
  • Share
  • Post
  • Нето богатството на Доналд Трамп се зголемило за 183% во последните две години, првенствено од криптовалутните потези благодарејќи на кои наводно заработил повеќе отколку во претходните 60 години заедно.
  • Во 2024 година вредел 2,3 милијарди долари, денес тежи 6,39 милијарди долари.
  • Само околу 26% од денешното богатство на Трамп произлегува од претходни операции со недвижнини и голф. Огромното мнозинство потекнува од криптовалути.
  • Од шемите на Трамп можат да изгорат другите, не и тој. Пример: Трамп ја претстави својата мим-монета „Официјален Трамп“ ($TRUMP) во јануари 2025 година, само неколку дена пред неговата инаугурација. Таа влезе на пазарот со проценка од 14,9 милијарди долари, денес вреди само 450,4 милиони долари, што претставува пад од 97%. Ова не го засега Трамп, кој никогаш лично не инвестираше во монетата. Неговиот ќар е провизија за трансфер од 1% до 5% секој пат кога некој ќе купи или продаде $TRUMP.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Хоророт на Кензо Танге

Македонски рулет
2

Спомени од пеколот

Балканштина
3

Голем дистрибутер на алкохол банкротираше зашто младите не пијат

4

Заради вакви срања луѓе си одат од Македонија

5

Дали глуп човек може да слуша добра музика?

Балканштина
6

Европа мобилизира кози против пожари

Разно
7

На 93 години, Вили Нелсон ги повикува тексашани на борба против дата-центрите

8

Го ослободија Кувајт од Садам, не можат да го одбранат од Иран

Свет
1

Европа мобилизира кози против пожари

Разно
2

Голем дистрибутер на алкохол банкротираше зашто младите не пијат

3

Заради вакви срања луѓе си одат од Македонија

4

На 93 години, Вили Нелсон ги повикува тексашани на борба против дата-центрите

5

Го ослободија Кувајт од Садам, не можат да го одбранат од Иран

Свет
6

Илон Маск: Илјада посто Америка ќе банкротира

7

И органските јајца станаа закана за климата

Разно
8

Германците плаќаат со картички, ама чуваат по 100 евра во џеб

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Спомени од пеколот

Балканштина

Дали глуп човек може да слуша добра музика?

Македонштина

Ништо не може да нè сопре!

Македонштина

Учиме непознати термини: Заштита при работа

Разно

Охрид во 1970

Македонштина

Да не згрешите дека е Норвежанец

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Земјата порано позната како поранешна југословенска република Македонија

Тоа е тоа, големината е битна

По трагите на една епска фотографија

Писма на поранешни амбасадори на Македонија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy