- Легендарниот кантри музичар бара сојузници против изградбата на дата-центри за вештачка интелигенција во неговиот роден град во Тексас.
- Се работи за гратчето Абот во кое Нелсон е роден и уште живее. „Тука сум пораснат, тука имам фарма, тука уште можеме ноќе да гледаме ѕвезди на небото,“ напиша Вили Нелсон во јавниот повик за отпор против најавените 56 нови дата центри во централен Тексас.
- Вели дека последно нешто што им треба на луѓето се бучни дата центри кои ќе ја пијат водата и ќе ја загадуваат светлината.
- Меѓу другото, стариот се занимава со производство и преработка на канабис и во писмото ѝ оддаде почит на рурална Америка чиј успех доаѓа од „генерации луѓе, отворени простори, локален бизнис и поврзаност со земјата“.
- Последната популарна линија производи му се безалкохолни пијачки инфузирани со ТХЦ (овде)
- Партијата „Раам“ на Арапите во Израел го поддржа Гади Ајзенкот како мандатар за состав на идната влада, по парламентарните избори кои завршија без јасен победник.
- Со осумте пратеници од Раам, блокот зад Ајзенкот веќе има поддршка од 56 пратеници, повеќе од блокот на Бенјамин Нетанјаху (52).
- Тоа може да биде пресудно, бидејќи претседателот Исак Херцог денеска ги почнува консултациите со политичките партии и треба да му го додели мандатот на кандидатот кој има најголема поддршка во Кнесетот.
- За Ајзенкот се очекува да се определи и другата партија на Арапите – „Заедничка листа“, која освои 11 пратенички места.
- Ајзенкот пред изборите отфрлаше коалиција со партиите на Арапите во Израел, но би можел да состави малцинска влада, која би добивала поддршка за клучните одлуки.
- Договорот на Доналд Трамп со Владимир Путин за увоз на руски дизел се чини дека пропаѓа, откако два танкери скршнаа од курсот кон САД.
- Неколку недели пред изборите во САД, Трамп ненадејно ги укина санкциите за увоз на руски дизел за да ја спушти цената на горивото на пумпите.
- Американските резерви на дизел паднаа под 100 милиони барели првпат во последните две децении.
- Танкерот „Талисман“, кој е под санкции од САД, Британија и ЕУ, и „Леруо“, кој е под санкции од Британија, ЕУ и Канада, повеќе не го наведуваат атлантскиот брег на САД како своја дестинација. Првиот се упатил кон Средоземно Море и објавил сигнал дека чека наредба, а другиот скршнал кон Бразил.
- Во меѓувреме, трет танкер под санкции – „Бист“, плови кон САД откако на 27 октомври тргнал од руското пристаниште Приморск.
- Како можна причина за промената на курсот на танкерите, Фајненшл тајмс ја наведува неизвесноста дали ќе им биде дозволено да влезат во американските пристаништа поради легалноста на товарот.