Во јуни, за првпат во Германија, имало повеќе електронски плаќања со картички и смартфони отколку со банкноти и монети, според податоци на Бундесбанк. Односот бил 55 наспроти 45 во проценти.
Тоа не значи дека новчаниците на Германците им останале празни. Мажите со себе носат просечно по 106 евра во кеш, а жените по 90 евра, покажуваат податоците од Бундесбанк.
Бројот на банкомати во 2024 година првпат падна под 50.000 по неколку децении. Од околу 53.000 банкарски филијали во 2002 година, до 2023 година останале само 21.000.
Од 10 јули 2027 година во сите земји на ЕУ ќе важи и ограничување од 10.000 евра за готовински плаќања, како мерка против перење пари, финансирање тероризам и избегнување санкции.
Мерката ги опфаќа продажбите на автомобили (до 12.000 евра), мебел, накит и занаетчиските услуги (до 4.000 евра). Со кеш, сепак, ќе може да се купи половен автомобил од приватен сопственик. Поседувањето готови пари во домот ќе биде ограничено на 30.000 евра.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.