- Реал Мадрид нема намера да прифати барање за зголемување на платата на кој било играч во екипата, па колку и да е клучен тој фудбалер за тимот. Ова е цврст став и важи за сите.
- Бразилецот Винисиус кој важи за најголема ѕвезда во Реал Мадрид, веќе неколку месеци преку неговите агенти одбива да го продолжи договорот кој истекува следното лето затоа што сака поголеми примања.
- Од друга страна, Реал за последен пат му понудил нов договор па Бразилецот може да бира дали ќе остане или ќе биде продаден.
- Арсенал е најсериозно заинтересиран да го откуп неговиот договор од „кралскиот клуб“ и тоа би можело да биде најбомбастичен трансфер летово.
- Кошаркарската федерација на Македонија со особено задоволство ја поздравува официјалната одлука на КК Арис од Солун, со која клубот потврдува дека нема никакви пречки Ненад Димитријевиќ да биде на располагање на македонската репрезентација од 16 август 2026 година и му посакува успех на нашиот национален тим.
- Оваа порака претставува значаен гест на спортска коректност и почит кон националните селекции, за што искрено му благодариме на раководството на Арис. Со ваквиот став на клубот, практично се отстранети сите евентуални дилеми околу клупските обврски на Ненад Димитријевиќ.
- Тоа е охрабрувачка вест за македонската кошарка и за сите љубители на спортот кои посакуваат нашата репрезентација да настапи во својот најсилен состав.
- ФФМ излезе со заеднички став на европското фудбалско семејство со што го отфрла предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички удели во Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори.
- Ставот на Европа е јасен. Никогаш нема да му дадеме легитимитет на ваков модел. Никој нема морално право да продава нешто што му е доверено да го зачува за идните генерации.
- Како резултат на денешната дискусија, ниту една национална репрезентација членка на УЕФА нема да учествува во натпреварувањата на ФИФА се додека овие предлози останат активни, освен доколку бидат целосно повлечени и не бидат дадени правно обврзувачки гаранции дека ФИФА никогаш повеќе нема да го отвори своето управување или своите натпреварувања за приватна сопственост.
- Постојат вредности што не можат да се продаваат. Светското првенство на ФИФА му припаѓа на фудбалот. Отсекогаш било така и така ќе остане. И се додека Европа има свој глас, Светското првенство никогаш нема да биде на продажба.