- Легендарниот хрватски селектор Златко Далиќ дал оставка и заминува од репрезентацијата која што ја водеше од 2017-та година. Хрватска го заврши настапот на Светско првнество во 1/16 финале после поразот од Португалија 2-1 во регуларно време.
- Ова беше прво Светско на кое Далиќ ја водеше Хрватска а да се врати без медал. Претходно освојуваше сребро во Русија во 2018-та и бронзен медал во Катар во 2022.
- „Скромно доаѓање. Незабореван пат. Гордо збогување. После скоро девет години селекторот Златко Далиќ реши да ја заврши својата неверојатно успешна кариера на клупата на „ватрените“. Селекторе фала за се - за победите, за успесите, за пласманите, за медалите, за заедништвото, за почитта и решавачката борба за Хрватска на теренот и надвор од него. Резултатите говорат каков тренери, а почитта од играчите, соработниците и противниците за тоа каква личност си“, стои во соопштението на Хрватскиот фудбалски сојуз.
- Вардарци го загубија првото квалификациско коло од Лигата на шампионите против фински КуПС со 0:2.
- „Само 3.512 гледачи се собраа на најголемиот стадион во Македонија, што е навистина разочарувачка бројка за европски натпревар од ова значење. Особено кога знаете каква историја има Вардар и колку многу значеше овој клуб за генерации навивачи. Во минатото, името Вардар беше синоним за полни трибини, одлична атмосфера и голема поддршка од сите страни, додека денес сликата изгледа сосема поинаква“, пишува босанскиот спортски портал „Спортспорт“ и дополнува:
- „Проблемот со малата посетеност беше дискутиран и во деновите пред натпреварот. Бројни навивачи, како и луѓе блиски до клубот, предупредија дека со години е вложено премалку труд за поврзување со публиката. Вардар има богата традиција и големо име, но тоа веќе не е доволно за да привлече илјадници луѓе на стадионот. Модерниот фудбал одамна е повеќе од само 90 минути игра. Клубовите денес инвестираат огромни ресурси во маркетинг, промоција, социјални мрежи, фан зони, продажба на клупски реквизити и разни содржини што им нудат на навивачите целосно искуство пред, за време и по натпреварот“.
- Египетската бајка на Светското заврши на најсуров можен начин. Имаа водство од 2:0 против светскиот првак до 79 минута и сепак останаа без четвртфинале, бидејќи примија 3 гола за 13 минути.
- Селектор на Египет, Хосам Хасан го загуби трпението поради неколку судиски одлучи, реагираше жестото и доби жолт картон, а членовите на стручниот штаб мораа да го одвлечат од францускиот судија Франсоа Летексиер.
- На крајот удри силно:
- „Ова беше неправда. Се чини дека сите сакаа Меси да остане на турнирот. Меси е маркетиншки потег“, изјави Хасан.