Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Оракл отпуштил 21.000 вработени, ги заменил со ВИ

23 June 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Оракл укинал близу 21.000 работни места низ целиот свет поради агресивно вклучување на вештачката интелигенција во услугите за софтвер и „клауд“ технологија, покажува новиот годишен извештај на компанијата.
  • До крајот на мај, Оракл имал 141.000 вработени, а лани имал 162.000. 
  • „Распоредувањето на технологиите за ВИ низ нашите операции постигна резултати и може да продолжи со намалување на работната сила“, пишува во извештајот.
  • Во изминатата година од технолошкиот сектор биле отпуштени повеќе од 100.000 вработени. Големи кратења неодамна спроведоа Амазон и Мета. Фокусот и парите се префрлаат на центрите за податоци со кои се напојува ВИ.
  • Оракл планира да потроши најмалку 50 милијарди долари за инфраструктура во текот на оваа година. Гугл, Амазон и Мета планираат да вложат вкупно 650 милијарди долари во дата-центри и развој на ВИ.
извор

Трамп нареди: Квантен компјутер до 2031 година

23 June 2026
  • Share
  • Post
  • Доналд Трамп потпиша наредба за забрзана изградба на квантен компјутер, доволно моќен за научни истражувања и за заштита на критичните владини системи од напади со квантна технологија.
  • Пентагон мора до 2028 година да се опреми со квантни сензори, кои треба да им овозможат на авиони да се движат во воени зони во кои се нарушени глобалните системи за позиционирање. Монтирани на сателити, сензорите би можеле да откриваат активности како изградба на тунели или ракетни силоси.
  • Од владините агенции се бара до 2031 година да ги заштитат критичните системи со постквантна криптографија, која нема да може да биде пробиена со компјутерите од идната генерација.
  • Користејќи кјубити наместо бинарни битови, квантните компјутери имаат експоненцијално поголема моќ за пресметување од класичните компјутери.
  • „Ова ќе поттикне иновации и раст во сегашните и идните индустрии, во производството, откривањето лекови, енергетиката, земјоделството и национална безбедност“, изјави Мајкл Крациос, директор на Канцеларијата за научна и технолошка политика во Белата куќа.
извор

САД му дозволија на Иран слободно да извезува нафта

23 June 2026
  • Share
  • Post
  • САД делумно ги укинаа санкциите за иранска нафта во период од 60 дена, по првата рунда преговори во Швајцарија.
  • Лиценцата трае до 21 август и опфаќа сурова нафта, петрохемиски производи или нафтени производи од иранско потекло. Дозволува извоз на иранска нафта во САД и во сите други земји, со исклучок на Куба, Северна Кореја и окупираните делови од Украина.
  • Иран го негираше тврдењето на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс дека Техеран ќе им дозволи на нуклеарните инспектори од ОН да се вратат во земјата.
  • Во 2015 година, Иран и шест светски сили - САД, Кина, Франција, Русија, Германија и Британија - постигнаа договор со кој ѝ се дозволува на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да изврши инспекции на иранските нуклеарни постројки. Трамп во својот прв мандат ги повлече САД од тој договор.
  • Иран лани го суспендираше пристапот на МААЕ до нуклеарните локации кои беа бомбардирани од Израел и САД.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Голчиште од 30 метри, Зеленортските Острови повторно сопреа светски првак

Фудбал
2

Точниот момент кога Америка (и светот) забега

Разно
3

Мажите и сликичките

Балканштина
4

Францускиот „Буржуј“ на гости кај Балканската баница

Храна за возрасни
5

Селекторот на Иран: „Ниту еден од 47 селектори не праша како ни е“

6

Канализација се истури во Европскиот парламент

Македонски рулет
7

Kој корисни јавно WI-FI е без памет

8

Охрид требаше вака да го брани брегот

Балканштина
1

Точниот момент кога Америка (и светот) забега

Разно
2

Kој корисни јавно WI-FI е без памет

3

На Изрелците им е јасно: Иран победи во војната

4

Никој повеќе не се покорува на санкции

Свет
5

Приватен ВАР ги снима навивачите на стадионите низ САД

Свет
6

Ердоган пробива нов поредок кон Исток

Свет
7

Маката ги тера Французите да ги засакаат клима-уредите

Разно
8

Стармер поднесе оставка

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Камај

Балканштина

Мажите и сликичките

Балканштина

Охрид требаше вака да го брани брегот

Македонштина

Актуелни проблеми на Прилеп

Македонштина

Женски муабети

Македонштина

За ова ли се дреме со саати на граница?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Портпарол, мејкинг оф

Тазе охридски софтвер

Теории на заговор кои се покажаа вистинити

Чуму ни е НАТО?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy