Стармер поднесе оставка
22 јуни 2026
- Кир Стармер објави дека се повлекува од функцијата премиер на Британија откако ја изгуби довербата од сопствената Лабуристичка партија.
- Ќе остане да ја извршува функцијата додека партијата не избере нов лидер, веројатно до септември.
- Главен кандидат за негов наследник премиер е Енди Барнам, кој пред неколку дена победи на изборите за пратеник во Мејкерфилд, Манчестер, и го исполни условот да биде лидер на владата и на лабуристите.
- Тој ќе биде седмиот британски премиер во 15-годишниот мандат на мачорот Лари како „главен ловец од глувци“ во Даунинг 10. Лари во премиерската резиденција ги пречека и ги испрати Дејвид Камерон, Тереза Меј, Борис Џонсон, Лиз Трас, Риши Сунак и Кир Стармер.