- Лионел Меси и Кристијано Роналдо иако и двајцата веќе во позни фудбалски години (39 и 40), станаа рекордери со по шест Светски првенства во кариерата (шесто е и за голманот на Мексико Меме Очоа но тој не бранеше досега), а сега се бркаат и по број на одиграни натпревари на Мундијалите.
- Лионел Меси кој во 2022 стана светски шампион со Аргентина, запиша 27 натпревари на Светски првенства и е апсолутен рекордер. Се очекува тој да го подобри рекордот затоа што гаучосите ги очекуваат уште најмалку два натпревари на Мундијалот 2026.
- Лотар Матеус е втор со 25 натпревари на Светски првенства (5 учества, 1982, 1986, 1990, 1994 и 1998). Мирослав Клозе има 24 натпревари на најголемите светски собири (2002, 2006, 2010 и 2014) а тој е и прв заедно со Лионел Меси на вечната листа најдобри стрелци на Светски првенства (по 16 гола двајцата).
- Легендарниот Паоло Малдини на 4 Светски првенства запиша 23 натпревари колку што има и Кристијано Роналдо (шест Светски: 2006, 2010, 2014, 2018, 2022, 2026).
- Најдобриот македонски ракометар, капитен на репрезентацијата и на Пелистер, останува меѓу зелено-белите.
- Веднаш по крајот на сезоната во домашните натпреварувања, Кузмановска прифати една интересна понуда да игра само три недели во Кувајт, во тимот на Кувајот Спорт Клуб и тоа на Азиското клупско првенство. Таму пружи одлични партии и беше еден од најдобрите.
- Битолчани прават голема реконструкција на тимот, прават шампионска екипа на чело со новиот тренер Лино Червар. Во новата сезона Пелистерци веројатно ќе играат во Лигата на Европа.
- „Капитенот останува со нас“, напишаа од Пелистер на друштвените мрежи.
- Американката Тори Пенсо ќе биде главна судијка на натпреварот Чешка - Јужна Африка од 18 часот на стадионот во Атланта. Неа ќе и помагаат Американките Брук Мајо и Кетрин Незбит кои ќе бидат крај аут линиите.
- Прва жена која судеше натпревар во машки фудбал на Светско првенство беше познатата Французинка Стефани Фрапар која делеше правда ма средбата Германија - Костарика на Мундијалот 2022 во Катар.
- Пенсо почнала да суди на 14 години а на 18 години го следела развојниот Олимписки програм за судии во Алабама.
- 39-годишната Американка во септември 2020 станала прва жена судијка на натпревар од МЛС лигата во САД после цели 20 години. Од 2021-ва е со значка на ФИФА.