- Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски е приведен во рамки на поширока полициска акција, пишува „Портал Икс“.
- Според неофицијални информации во истрагата се опфатени уште 15 лица, како и три компании кои се поврзуваат со случајот. Заедно со него е приведена и Олгица Младеновска, задолжена за финансиии за време на неговиот мандат, како и уште десетина други лица, кои се сомничат за финансиски малверзации со кои бил оштетен буџетот на Куќата на фудбалот.
- При претресот кај Ѓорѓиоски биле пронајдени пари во кеш што отвора дополнителни сомнежни за можни финанскиски злоупотреби. Засега нема официјална потврда за истрагата а повеќе информации се очекуваат во текот на денот од МВР и од ЈО.
- Ѓорѓиоски беше претседател на ФФМ од 2012 до 2018 после што се повлече од функцијата. Пред него уапсен беше и неговиот наследник Муамед Сејдини, обвинет за проневера на 700.000 евра, донација од УЕФА за изградба на трибина на стадионот во Охрид.
-
- Најдобриот македонски ракометар, капитен на репрезентацијата и на Пелистер, останува меѓу зелено-белите.
- Веднаш по крајот на сезоната во домашните натпреварувања, Кузмановска прифати една интересна понуда да игра само три недели во Кувајт, во тимот на Кувајот Спорт Клуб и тоа на Азиското клупско првенство. Таму пружи одлични партии и беше еден од најдобрите.
- Битолчани прават голема реконструкција на тимот, прават шампионска екипа на чело со новиот тренер Лино Червар. Во новата сезона Пелистерци веројатно ќе играат во Лигата на Европа.
- „Капитенот останува со нас“, напишаа од Пелистер на друштвените мрежи.
- Американката Тори Пенсо ќе биде главна судијка на натпреварот Чешка - Јужна Африка од 18 часот на стадионот во Атланта. Неа ќе и помагаат Американките Брук Мајо и Кетрин Незбит кои ќе бидат крај аут линиите.
- Прва жена која судеше натпревар во машки фудбал на Светско првенство беше познатата Французинка Стефани Фрапар која делеше правда ма средбата Германија - Костарика на Мундијалот 2022 во Катар.
- Пенсо почнала да суди на 14 години а на 18 години го следела развојниот Олимписки програм за судии во Алабама.
- 39-годишната Американка во септември 2020 станала прва жена судијка на натпревар од МЛС лигата во САД после цели 20 години. Од 2021-ва е со значка на ФИФА.