- Виш суд во Белград им изрече максимални затворски казни на родителите на 16-годишното момче кое пред во мај 2023 година во своето основно училиште „Владислав Рибникар“ уби девет соученици и домарот на школото. Истрелал 45 куршуми од пиштол. Ранил уште пет деца и еден наставник.
- Таткото Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и 6 месеци затвор поради „тешко дело против јавната безбедност и занемарување и злоупотреба на малолетно лице“. Мајката Милијана е осудена на 2 години и 11 месеци затвор.
- Апелациски суд претходно ја намали на 1 година домашен притвор казната на Немања Маринковиќ, инструктор во стрелачкиот клуб во кој Владимир Кецмановиќ го водел својот син да вежба да пука.
- Бидејќи во моментот на извршување на делото убиецот имал 13 години, според српските закони против него не може да се води кривична постапка. По приведувањето е префрлен во Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци во Белград, под затворен медицински и полициски надзор.
- Кубанскиот парламент усвои 176 реформи со кои се намалува улогата на државата во економијата и се привлекуваат инвестиции во сите сектори, од банкарството до туризмот и земјоделството.
- Странските инвеститори повеќе не се обврзани да формираат заеднички деловни потфати со државата. Ќе бидат авторизирани големи приватни претпријатија. Кубански и странски инвеститори ќе можат да купуваат удели во државни компании.
- „Ова се најдлабоките реформи по Револуцијата во 1959 година предводена од Фидел Кастро“, оцени Даниел Торалбас, кубански економист во Лондон.
- Администрацијата на Трамп од јануари воведе тотална економска блокада на Куба. Островот повеќе не добива нафта од Венецуела, а во 2026 година пристигнал само еден танкер од Русија. На прашањето дали Куба сега е на нишанот на Трамп откако потпиша договор за прекин на војната со Иран, потпретседателот Џ.Д. Венс рече дека Вашингтон сака Кубанците да бидат „среќни и успешни“.
- Претседателот Мигел Дијаз-Канел изјави дека реформите не се воведени поради „притисокот од Јенките“, туку „за да се зачува социјализмот“.
- Поради новите израелски напади во јужен Либан е откажан почетокот на американско-иранските преговори за спроведување на одредбите од Меморандумот за разбирање.
- Американскиот потпретседател Џ. Д. Венс ја откажаа посетата на Женева поради „логистички причини“. Иран објави дека делегацијата останала во Техеран затоа што Израел ја прекршува одредбата од првата точка од меморандумот, за моментално прекинување на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан.
- Во израелските воздушни напади во јужен Либан во текот на ноќта биле убиени најмалку 16 лица. Бомбардирањата се опишани како најжестоки во последните недели.
- Израелски сили истакнаа дека бомбардирањето било одговор на судири со Хезболах, во кои загинале четворица израелски војници.