Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

OpenAI собра 122 милијарди долари пред да се појави на берзите

9 June 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • OpenAI потврди дека ќе биде третата голема компанија од Силиконската долина што годинава ќе ги понуди своите акции за тргување на берза и очекува да достигне вредност над 1.000 милијарди долари.
  • Компанијата на Сем Алтман ги поднесе официјалните документи за настапување на берзата една недела по главниот конкурент Anthropic на Дарио Амодеи. Аналитичарите укажуваат дека онаа што прва ќе ги понуди акциите на продажба е во позиција да привлече повеќе пари од инвеститорите.
  • По најголемата рунда на финансирање во историјата на Силиконската долина, во која собра 122 милијарди долари од Amazon.com, Nvidia, SoftBank и други инвеститори, вредноста на OpanAI е проценета на 852 милијарди долари.
  • Anthropic има послаба кампања, но и повисока проценета вредност од 965 милијарди долари.
  • SpaceX на Илон Маск е многу понапред во процесот и веќе задутре ќе се појави на берзите со проценета вредност од 1.800 милијарди долари.
извор

Во Албански театар, глумец нема играно претстава цели 15 години

9 June 2026
  • Share
  • Post
  • Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Националната установа (НУ) Албански театар – Скопје за 2024 година.
  • Како и во многу други државни институции, ДЗР и во Албанскиот театар утврдил дека има вработени кои не доаѓале на работа, а примале полна плата.
  • Театарот го издавал просторот со субјективна проценка: од 10 до 240 илјади денари.
  • Продавале билети без официјално утврдени цени.
  • Во текот на 2024 година, 20 отсто од актерите не биле ангажирани. Двајца актери не се ангажирани во ниту една претстава од репертоарите од 2011 односно од 2019 година до денес, а на истите им се исплаќала плата за полно работно време без да биде обезбедена потврда за нивно присуство на работа.
извор

Крстевски: Геополитика на духот - Цената на нашето отсуство

9 June 2026
  • Share
  • Post
  • Во време кога границите во Европа ја губат својата физичка смисла, државите почнуваат да се мерат по својата културна присутност. Некои тоа го разбираат рано. Други, за жал, предоцна.
  • Ова е културолошка борба за културно и идентитетско позиционирање на Македонија на отворената европска сцена. 
  • Македонската интеграција во ЕУ ќе биде поразлична од Словенија и Хрватска, затоа што нашите прашања со соседите се подлабоки. Токму затоа, нашата културна политика во овие процеси мора да биде поамбициозна, поинтелигентна, покреативна и поавтентична.

  • Ако ние час поскоро не создадеме културно присуство во просторот што ни припаѓа по чувство и сеќавање, некој друг ќе создаде наратив во него. 

  • И тогаш, можеби, нема да се поставува прашањето кои сме. Туку, кој нас нè раскажал наместо нас?

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Украина поставила мрежа над 1.000 километри патишта

2

Преку ноќ станал турски билионер, а не може да повлече ни лира

3

Ако го видите, поздравете го

Македонштина
4

Професор по хрватски јазик на Милионер

Балканштина
5

Во Албански театар, глумец нема играно претстава цели 15 години

6

Неда Украден нема потреба да се фолира

Балканштина
7

Па вие пак слабејте

Балканштина
8

Кобниот бакрдан на Никола Карев

Разно
1

Украина поставила мрежа над 1.000 километри патишта

2

Во Албански театар, глумец нема играно претстава цели 15 години

3

Преку ноќ станал турски билионер, а не може да повлече ни лира

4

Западот е сето она што ви рекоа дека е Кина

Мислења
5

Америка не може вечно да го бомбардира Иран

Свет
6

Кина отвори подводен дата-центар за ВИ

Технологија
7

Меѓународниот кривичен суд го суспендира главниот обвинител

8

Австралиското вино старее како бензин

Занимливости
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Па вие пак слабејте

Балканштина

Професор по хрватски јазик на Милионер

Македонштина

Ако го видите, поздравете го

Балканштина

"Kiss and release" на балкански начин

Балканштина

Неда Украден нема потреба да се фолира

Балканштина

Трезниот има илјада желби, пијаниот само една

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Таа има совршен живот. Речиси.

Без коментар

Хмм...

Јапонска анегдота на денот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy