- Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи издаде директива дека резервите од високо збогатен ураниум не смее да бидат испратени надвор од земјата.
- „Главните ирански функционери се убедени дека испраќањето на овој материјал во други земји ќе го остави Иран поранлив на идни напади од САД и Израел. Хамнеи го има последниот збор за повеќето важни државни прашања“, изјавиле ирански извори за Ројтерс.
- Наредбата на ајатолахот го комплицира мировниот процес. Израелскиот премиер Нетанјаху изјави дека војната нема да заврши сè додека збогатениот ураниум не биде отстранет од Иран. Трамп го уверил Нетанјаху дека секој мировен договор мора да вклучува клаузула за отстранување на иранските залихи.
- Сепак, изворот на Ројтерс вели дека има „изводливи формули“ за надминување на спорот - на пример осиромашување на залихите под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија.
- МААЕ проценува дека Иран имал 440,9 кг ураниум збогатен до 60% кога Израел и САД ги нападнаа иранските нуклеарни постројки во јуни 2025 година. Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, изјави во март дека од таа залиха останале околу 200 килограми, кои се складирани во тунели под нуклеарната постројка Исфахан. Дел е во комплексот во Натанц, каде што Иран има два постројки за збогатување.
- Европската Унија може да замрзне руски сметки поради војната во Украина, дури и ако не постои директна правна врска на сопствениците со лицата и фирмите против кои се воведени санкции, пресуди Судот на правдата на ЕУ.
- „Концептите на сопственост и контрола треба да ги опфатат сите форми на моќ или влијание што се вршат врз средствата, дури и ако не постои правна врска меѓу нив и засегнатото лице“, пишува во одлуката на судот.
- Одлуката на судот на ЕУ се однесува на три случаи во Италија, во врска со заплена на компании и јахта за кои има сомневања дека биле во сопственост на Руси на списокот на санкции на ЕУ. Судот го одобри запленувањето, иако биле утврдени само индиректни врски со санкционирани лица.
- „Целта на замрзнувањето на средствата е да се ограничат колку што е можно повеќе сите трансакции што можат да се извршат со нив. Секое заобиколување на санкциите треба да се спречи“, стои во пресудата.
- Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи Украина да стане „придружна членка“ на Европската Унија - да им се дозволи на украински претставници да учествуваат на самитите и министерските состаноци на ЕУ, но без право на глас.
- Украина би била опфатена со клаузулата за заемна помош на блокот и би имала право на финансирање од делови од буџетот на ЕУ.
- Привременото членство би било поништено ако Киев отстапи од стандардите за владеење на правото неопходни за целосно пристапување.
- „Очигледно е дека нема да можеме наскоро да го завршиме процесот на пристапување (на Украина), со оглед на безбројните пречки и политичката сложеност на процесите на ратификација. Предвидувам политичко решение што значително ќе ја доближи Украина до Европската Унија и нејзините основни институции веднаш... Тоа ќе помогне во олеснувањето на тековните мировни преговори“, забележал Мерц во писмо до шефовите на ЕУ - Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта.