Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Јеил дискриминирал студенти на расна основа

15 May 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Медицинскиот факултет на Јеил нелегално дискриминира кандидати на расна основа во процесот на прием на студенти, заклучи Министерството за правда на САД по едногодишна истрага. Во извештајот ова се истакнува како „загриженост за јавната безбедност“.
  • Јеил ги фаворизирал црните и латиноамериканските кандидати на сметка на белите и азиските, што е директно кршење на федералниот закон за граѓански права и на пресудата на Врховниот суд од 2023 година против афирмативни акции.
  • Истражувањето покажало дека црните кандидати имале дури 29 пати поголеми шанси да добијат интервју за прием отколку подеднакво квалификуваните азиски кандидати со слични оценки и резултати од стандардизирани тестови.
  • Министерството води истраги за дискриминации на расна основа и на универзитите Харвард и УКЛА и на факултетите за медицина на универзитетите Стенфорд, Охајо и Сан Диего.
извор

Шефот на ЦИА ја посети Куба

15 May 2026
  • Share
  • Post
  • Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, ја посети Хавана за да му ја пренесе лично на кубанското раководство понудата од претседателот Доналд Трамп – итна економска помош и соработка, во замена за политички реформи.
  • Ратклиф е вториот шеф на ЦИА што ја посетил Куба по револуцијата во 1959 година. Тој пристигна во критично време, кога земјата остана без последните резерви на мазут и дизел и воведе рестрикции на струја од по 20 часа на ден.
  • Во кубанското соопштение за посетата се вели дека состанокот „овозможил категорично да се демонстрира дека Куба не претставува закана за националната безбедност на САД, ниту пак постојат легитимни причини да се вклучи на списокот на земји кои спонзорираат тероризам“.
  • Државниот секретар Марко Рубио еден ден претходно ѝ понуди на Куба 100 милиони долари „хуманитарна помош“ за да ја надмине енергетската криза. Трамп пред посетата на Кина порача: „Куба бара помош и ние ќе разговараме!!!“.
  • Во исто време, функционер од Министерството за правда најави дека САД ќе го обвинат Раул Кастро, 94-годишниот лидер на Комунистичката партија, во врска со соборување авиони на хуманитарна организација во 1996 година.
  • Ратклиф вчера разговарал со Раул Родригез Кастро - внукот на Раул Кастро.
извор

Канадски племиња не дозволуваат референдум за отцепување на Алберта

14 May 2026
  • Share
  • Post
  • Реагирајќи на жалба на Првите народи, суд во Едмонтон ја блокира иницијативата за организирање референдум за независност на канадската провинција Алберта.
  • Движењето Stay Free Alberta достави барање со потписи од 300.000 потписи, што ја обврзува покраинската влада да распише референдум за прашањето за независност.
  • Судијката Шаина Леонард ја запре процедурата, пресудувајќи дека за иницијативата не биле консултирани домородните племиња Атабаска Чипјујан, Блад, Пиикани и Сиксика, поради што биле загрозени договорите што тие во 19 век ги постигнале со тогашните британски власти.
  • „Меѓународната граница би го уништила нивниот начин на живот. Нема шанси тие да продолжат да живеат како што живееле во изминатите 7.000 години“, изјави адвокат на племето Чипјујан.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Србија под товарот на информациите

Медиуми
2

Наместо повеќе паркинг места, Герасимовски ги поскапе

3

Ги стигаме бугарските матуранти

Македонштина
4

Македонија е блиску до нов Мундијал, совладана е Словачка на гости

Ракомет
5

Ве фативме

Разно
6

Црна магија во кабинетот на Зеленски

Свет
7

Реконструкција на една безвезна лага

Македонски рулет
8

Не преточуваш нитроглицерин

Балканштина
1

Наместо повеќе паркинг места, Герасимовски ги поскапе

2

Црна магија во кабинетот на Зеленски

Свет
3

Фаучи го променил извештајот на ЦИА за потеклото на ковид

Свет
4

„Вук је у нас домаћа животиња“

5

Во ЕУ за десет години се дуплирал бројот на сексуални напади

Свет
6

Новиот извештај за ѕверствата на 7 октомври е дело на израелска пропаганда

Медиуми
7

Трамп до Си Џинпинг: Чест ми е да бидам твој пријател

8

Трамп одработи за тобако индустријата

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Видиковецот, среден

Медиуми

Србија под товарот на информациите

Македонштина

Ги стигаме бугарските матуранти

Балканштина

Достоен!

Македонштина

Скопје е на потег

Балканштина

За бракот и научната етика

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Љубов, вера и наплата

Мој је живот кешарица

Седнав до медиумот и плачев

Манифест на провинцијалецот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy